Течностите ја играат една од најголемите улоги во исхраната кај децата. Јасно ни е дека во првата година од животот децата како примарен извор на исхрана го користат мајчиното млеко, но треба да се знае дека сите течности кои детето ги внесува ( освен водата ), содржат калории. Преку многу од течностите децата успеваат да внесат многу од минералите и витамините кои им се потребни за раст и развој.

• Млекото за пример е најдобриот извор на калциум во исхраната. Калциумот кај децата во раст е еден од најпотребнитеминерали, кој помага во развој на детските заби и коски и за нивно зацврстување.

• Водата е секако неопходна и одговорна за различни функции во организмот. Ја спречува дехидрацијата и никогаш не треба да се занемарува нејзиното отсуство во исхраната кај човекот и секако кај најмалите. Редовно да се дава според телесната маса.

• Соковите се можеби една од најомилените и највкусните работи за малите деца. Строго препорачуваме купечките сокови, без разлика дали на нив е напишано дека се 100% овошје и слично, кои се преполни со шеќери и празни калории за вашето дете, да се заменат со домашен свежо цеден сок кој е одличен за старт на денот.
• Останати разновидни минерали и витамини кои му се потребни на детето може да се внесат преку нискокалоричните хранливи оброци како што се супите и чорбите од зеленчук.

thumbs-up-to-water

718 Прегледи