Полиграфскиот тест кој сеуште се користи ширум светот, го мери нашето срце биење, дишење и крвен притисок и може да покаже колку стресно се чувствуваме. Идејата е тој што не испитува да ја прати таа состојба и секако кога ќе лажеме стресот ќе биде поголем него кога ќе ја кажуваме вистината. Но секако се тоа зависи од психолошката состојба на човекот, па затоа некои луѓе можат да излажат а стресот да им е на најниско можно ниво.

Има многу начини на кои може да се излаже детекторот. Наједноствен начин е да ги дистрактирате вашите психолошки читања на мозокот уште на самиот старт кога ви ги поставуваат оние најосновни прашања ( дали вашето име е тоа и тоа, дали сте родени на таа и таа дата ) на кои вие се очекува да дадете точен одговор, за секако понатаму да ги пратат вашите отчитувања на мозокот на битните прашања. Во тие моменти кога ја кажувате вистината гризнете го јазикот или замислувајте некој многу засрамувачки момент од минатото. Истиве овие методи може да се употребуваат и на оние детектори кои ви го скенираат мозокот.

959 Прегледи