Доналд Трамп, новоизбраниот председател на Соединетите Американски Држави, продолжува да чекори по своите победнички патеки ангажирајќи приватно обезбедување и разузнавачки тим, кои се состојат од поранешни агенти на ФБИ, поранешни специјалци и воени ветерани. Се поставува прашањето зошто Доналд Трамп не и верува на Тајната Служба на САД, која ги обезбедуваше скоро сите председатели од поновата Американска историја, па затоа оваа негова одлука претставува големо прекршување на традицијата на САД.

Историјата дава вакви слични ситуации и со други председателски кандидати, но тоа се случувало само во текот на нивната кампања, а во моментот кога биле избрани за председатели сите ја имаат одбрано Тајната Служба за понатамошно обезбедување. Џонатан Вакроу, поранешен агент на тајната служба, кој работел во обезбедувањето на Барак Обама за време на неговата кампања во 2012 година, тврди дека оваа одлука на Трамп е играње со оган. Неспоредливо е да те обезбедуваат луѓе со полициска функција за разлика од луѓе кои се декларираат како приватно обезбедување, без разлика колкаво е нивното искуство – вели тој. Координацијата помеѓу овие две тела ќе биде тешка, скоро невозможна, па затоа и ке предизвикува и голема конфузија, а со тоа и председателот ќе биде повеќе ранлив – го завршува интервјуто за весникот Политико искусниот агент.

Трамп за време на кампањата потроши повеќе од 1 милион долари на приватното обезбедување, за разлика од Хилари Клинтон која потроши 360.000.

demonstrators-sue-trump-after-sidewalk-scuffle-with-security-team

(член на обезбедувањето на Трамп напаѓа протестант )

Зошто и покрај сите совети од многу страни Доналд Трамп сепак се одлучува на ваков чекор ? Дали тој не се чувствува сигурен во рацете на државната служба за обезбедување ? Се позасилени се шпекулациите за негов атентат и елиминирање, дали тој смета дека најголемата опасност доаѓа од самата држава и од државниот врв ? Многу повеќе од јасно е дека многумина од Американските и светските моќници не се задоволни со неговото назначување за председател, па поради тоа беа организирани и масовни протести од нивна страна. Останува да видиме во кој правец ќе иде неговата председателска кариера и дали ќе има обиди за негово симнување од власта.

1256 Прегледи