Повеќето од родителите го даваат максимумот да го одгледаат и воспитаат своето дете на најдобриот можен начин. Но дури и овие индивидуи во одредени моменти прават несакани грешки кои во иднина можат да се одразат на детето. За жал има и многу родители кои ја надминуваат таа несакана грешка и токму тие спаѓаат во оваа група на токсични родители. Работиве во продолжение можат да му нанесат сериозни емоционални и ментални оштетувања на детето во текот на нивниот раст па и понатаму во текот на животот.

  • Премногу критички настроени

Секој родител критикува од време на време, што е нормална особина бидејќи поради тоа учиме доста работи во најмладите години ( извршување на најразлични должности и слично ). Токсичниот родител критикувањето го носи на екстремно повисоко ниво од нормалното и потребното и тој е премногу критичен околу се што прави неговото дете. Родителите ја прават оваа грешка верувајќи дека со тоа ќе направат нивните деца во иднина да прават помалку грешки што може да ги платат скапо, но за жал прекумереното критичко мислење кон детето го постигнува токму спротивното.

  • Го бараат целото внимание

Овие родители се целосно посветени да го добијат целото можно внимание од нивните деца. На ова може да се гледа како зближување на родителот и детето , но во реалноста е однос кој бара премногу од детското време и енергија кое во тие моменти треба да биде фокусирано на учење на други вештини. Иако е тешко , добар родител ќе се потруди да му пружи доволно простор на своето дете да расте без да бара константна интеракција со него за да ги задоволи своите потреби.

  • Не дозволува детето да ги изрази негативните емоции

Родители кои одбиваат да ги хранат детските емоционални потреби и да внесат позитивност во нивните негативни емоции, подготвуваат иднина за детето во која тоа не ќе може да искаже што му е потребно. Да се разбереме нема ништо лошо во тоа да ги тераме децата секогаш да гледаат на позитивната страна , но од друга страна пак мора да се фокусираме и на онаа негативната. Ако тотално ја запоставиме негативната страна во подоцнежните години кај детето може да се јават знаци на депресија.

  • Секогаш ги ставаат своите чувства на прво место

Многу родители сметаат дека нивниот збор и чувства за некои работи треба да дојдат првично до израз, кога се работи за фамилијарни работи ( ручеци, одењето на одмори и слично ). Во сето тоа нормално е родителите да го имаат последниот збор, но потребно е секоја одлука од таков тип да биде споделена и продискутирана со секој член од поблиската фамилија – вклучувајќи ги и децата.

  • Третманот на молчење

Тешко е да зборуваме со некого ако сме налутени, но правејќи го ова на своето дете е премногу незрело и влијае штетно на детето. Не само во односот родител-дете, овој третман на молчење во секој однос влијае штетно и другата страна секогаш се наоѓа под огромен притисок, дури и да не направила ништо лошо. Ако родителот е премногу лут и не е во состојба рационално да збори со своето дете, треба да се повлече на одредено време на страна отколку да го игнорира детето.

 

3372 Прегледи