Постојат многу теории за тоа зошто луѓето почнуваат да ги гризат своите нокти ( или како што докторски се нарекува “onychophagia” ) , а меѓу нив се вбројуваат стресот и перфекционизмот. Тука исто така се вбројува и Фројдовата идеја за заглавување во оралната фаза на психичкиот развој. Во оваа фаза детето предметите од околината ги запознава преку устата. Фазата трае од раѓањето до осумнаесетиот месец од животот. Извор на телесното уживање е цицањето. Подоцна во животот на личностите на кои либидото им останало врзано за оваа фаза често ги грицкаат ноктите, премногу јадат, пушат, зборуваат и склони се кон различни видови на зависности. Тоа може да се случи поради прерано прекинување на доењето или поради оневозможувањето на детето на овој начин да го запознава светот околу себе.

nail-biting

Но зошто гризењето нокти е толку зависно ( 20-30 проценти од нас го прават тоа ) има малку истражувања. Една позитивна работа која е докажана е тоа дека децата кои се “ гризачи на нокти”, се помалку склони кон алергии, веројатно затоа што тие се изложени на повеќе бактерии.

927 Прегледи