shawking

Големиот научник, физичар, Стивен Хокинг зема цврст став околу нееднаквоста во приходот, политичкото лобирање и редистрибуцијата на богатството. При Reddit “Ask me anything” седница во Јули, тој беше прашан дали гледа технолошка невработеност – роботите и компјутерите да заземаат човечки работи, дали тоа претставува закана. “Дали предвидувате свет во кој луѓето ќе работат помалку поради автоматизирањето на работата? Дали мислите дека луѓето сепак ќе најдат работа или пак ќе произведуваат повеќе работа која треба да се заврши?- беше прашан Хокинг.” Но, тој не одговори директно, туку се осврна на прашањето со што би се ние справувале кога таа реалност ќе биде околу нас.

“Ако машините произведуваат се што треба, исходот ќе зависи од тоа како работите се дистрибуирани, секој може да ужива во живот со луксузно слободно време ако произведеното богатство од машини е споделено, или повеќето од луѓето пак ќе завршат во мизерен живот ако сопствениците на тие машини се против таа дистрибуција на богатството. Се досега, повеќе тежи кон втората опција, со што техничките науки водат кон растечка нееднаквост.” одговори Хокинг. На сето ова, одговорот беше само “Ох човеку, тоа е депресивно, а и кон тој пат сме.”

Па, како ќе изгледа редистрибуцијата на богатството во иднина? Еден од најпоппуларните одговори е дека постои можност во која сите наши работни места ќе исчезнат и неколку акционери ќе ја заземат контролата на основни добра, па на секој ќе му биде доделен само основен приход колку да има за да остане жив. Повеќето од предлозите некако вклучуваат прогресивна даночна политика која ги прави богатите повеќе виновни за одржување на поголема контрола на ресурси, кога стоките и услугите ќе постанат во поголемо изобилство. Хокинг, исто така го допре “Terminator problem”, или како да се креираат роботи кои нема да придонесат кон човеково уништување.Тој вели да се охрабрат студентите да размислуваат не само како да се креира вештачка интелигенџија, туку и како да се осигура бенефицијата од користење на неа.Реалниот ризик не е злобата туку натпреварот, Суперинтелигентна ВИ ќе биде екстремно добра во завршување на целите, а ако тие цели не се во согласнот со нашите, тогаш сме во невоља.

1095 Прегледи