7. Плутониум ( Plutonium ) – 4.000 $ грам

Радиоактивен метал со сребреникаво-бела боја. Се користи при нуклеарно вооружување и како гориво за вселенски летала.

6. Паинит ( Painite ) – 9.000 $ грам

Овој камен е толку редок што само неколкумина луѓе го имаат видено со своите очи. Откриен е пред 65 години. Постојат само неколку стотици вакви камења во светов денеска.

5. Тафеит ( Тaaffeite ) – 20. 000 $ грам или 4.000 $ од карат

Скапоцен камен со виолетова, розева, црвеникава или бела боја. Милион пати е поредок од дијамантите, правејќи го легендарен. Сепак не е толку популарен при правењето на накит, па затоа дијамантите се наоѓаат на листата под него.

4. Тритиум ( Tritium ) – 30.000 $ грам

Овој гас се користи при осветлување. За производство на 0.5 кг од овој гас, потребни се 15 милиони долари.

3. Дијамант – 55.000 $ грам

Најпознатиот скапоцен камен на Земјата и најдобриот пријател на секоја дама.

2. Калифорниум ( Californium ) –  25 до 27 милиони долари за грам

Најскапиот хемиски елемент што некогаш постоел. Бил синтетизиран само еднаш од неговото откривање во 1950-та година.

  1. Антиматерија – 62.5 трилиони долари за грам

Најскапата супстанција на Земјата. Во теорија, би можеле да ја користиме антиматеријата како гориво за вселенските летала во иднината. Но проблемот е тоа што за да произведеме само еден грам од неа, целиот човечки род ќе треба да работи цела година без престан.

ВРАТИ СЕ НАЗАД ( Прв дел )

 

 

2975 Прегледи