Има многу начини на кои можеме да го дефинираме времето на одредена локација. На земјата нашиот вообичаен систем за тоа (“соларното време”) е дефинирано со движењето на сонцето на небото. Тоа значи дека локалното време зависи од тоа каде се наоѓаме локациски на земјата, па затоа имаме и многу различни временски зони.

Многумина ќе си кажат дека можеме да дефинираме сличен временски систем базиран на движењето на сонцето гледано од Месечината. Таков систем постои и е наречен Lunar Standard Time, но не е ништо повеќе од интересен експеримент за физичарите.

Но онаа дефиниција по која треба да се водиме е дека времето не варира во поглед на локацијата. Тоа е наречено Универзално Време ( UT ) и значи дека времето е исто насекаде во универзумот. Па од тука Универзалното Време на Месечината е истото она кое е на Земјата.

630 Прегледи