Мистеријата за Бермудскиот Триаголник, местото каде што стотици авиони и бродови исчезнаа поради непознати и нејасни причини, се смета дека е конечно разоткриена од страна на Американски научници од Универзитот Колорадо.

Тие анализирајќи сателитски слики од времето во оваа озогласена област забележале чудни и невообичаени хексагонални облаци. Дефиницијата за овие облаци е дека тие во одредени моменти се однесуваат како вистински “бомби”. Се верува дека тие се главната причина за големата и смртоносна брзина која ја достигнува ветрот од околу 270 километри на час. Оваа ураганска сила на ветрот предизвикува огромни бранови во висина од 14 метри.

7347960-still-1477479625-650-0474d71995-1477669895

Ниту еден брод неможе да преживее таква бура, а ниту еден авион неможе да се спротистави на ветер со таква огромна брзина.

Оваа област зафаќа голема површина од атлантскиот океан помеѓу Флорида, Пуерто Рико и Бермуда. На околу 75 авиони и неколку стотици бродови им е изгубен трагот во Бермудскиот Триаголник. 

 7347910-bermuda-triangle-02-1477571572-650-0e9bd5bc70-1477669895

1042 Прегледи