Ако постои рај, тогаш тоа е Самотраки. Овој остров е идеален за кратки летувања, а неговата близина до копното и северниот дел од Грција е одлична за возачите.

Островот се наоѓа преку патот Александрополис, а додека му приоѓате ќе забележите зелена шума и планината Саос, како мистериозно се воздигнува пред вас, оставајќи ви впечаток дека се наоѓате во некој американски трилер.

Бргу ќе стигнете до пристаништето Камариотисас, а ако сакате да ги искусите вистинските магии на овој остров, тогаш ќе морате да одите директно во камп, а не во хотел.

На Самотраки никогаш нема да ви биде здодевно. Островот е голем, а покрај море, има и планини и безброј водопади, кои се спуштаат низ планината создавајќи природни базени среде шума.

Ако се најдете на овој остров, секојдневното истражување е задолжително – искачување на карпи, капење во море и целодневна прошетка по шумски патеки.

Самотраки е всушност и најпознат по своите природни базени, кои станаа дел од огромните, карпи кои изгледаат како да се дизајнирани токму за тој базен.

Во тие базени можете да уживате по цел ден, да читате книги, да скокате, опуштено да пливате, да слушате музика, па дури и да готвите, како ова да е ваш приватен двор.

Таква опуштеност природата буди и во вашето тело, па така на Самотраки речиси сите кампери се голи – и во тоа нема ништо чудно, напротив овде голотијата е сосема природна работа.

Вечерите се резервирани за џез или реге, а на некои места има и хип-хоп и латино журки.

Престојот на Самотраки предизвикува чувство на еуфорија, а интересно е тоа што многу туристи не можат да стигнат да ги посетат сите плажи со кои располага островот.

Природните базени и слободниот стил кој владее на овој остров, го прават одлична туристичка атракција.

Островот има свој град, подеднакво единствен, кој се наоѓа од другата страна на планината. Жителите исклучително ја почитуваат природната убавина на местото, па се чини дека имајќи го тоа во предвид и изградиле куќи и продавници.

Во градот задолжително пробајте свежи слатки, мармалад, домашна лимонада и одлично домашно кафе, а целото тоа по неверојатно ниски цени за еден грчки остров.

393 Прегледи