Сите авионски летала ( секако збориме за оние комерцијални летови ) имаат една заедничка карактеристика. Сите тие имаат бела боја која од неколку причини ја дава сигурноста на авионот.

  • Го прави авионот повпечатлив на небото
  • На белата боја многу полесно можат да се идентификуваат пукнатини, течење на нафта и други неправилности на авионот.
  • Физичкиот закон за белата боја и нејзината способност да рефлектира топлина исто така има огромна улога во бојата на авионот, бидејќи така авионот не се загрева и одржува нормална температура.

На страна од причините кои ја даваат сигурноста на авионот, еве и неколку други причини од различен карактер :

  • Белата боја не бледее, па тука е тој психолошки аспект, бидејќи луѓето ако би летале со авион која има избледена боја, не би се чувствувале толку сигурно.
  • Белата боја е многу поефтина и подостапна од сите други бои
  • Врз белата боја полесно се нанесува логото на компанијата.
1028 Прегледи