на кои книги научниците им даваат предност, и кои се поатрактивни за децата.  

Професорите од Универзитетот „Честер“, Хедер и Џордан Шугар спровеле интересно научно истражување за да утврдат дали постои можност електронските книги целосно ги заменат традиционалните, и тоа кај најмладите читатели и на кој начин делуваат овие два вида на книги.

Резултатите до кои тие стигнале покажуваат дека електронските книги се многу повеќе интересни за децата, односно дека тие многу полесно ќе прифатат да читаат доколку како опција им се понуди електронската книга.

Сепак, кога станува збор за усвојување на прочитаното и трајноста на помнењето на тие информации, тука „битката“ ја добиле традиционалните книги. Шугарови сметаат дека објаснувањето за тоа е прилично едноставно: електронската книга се чита од уред кој во секое време обезбедува дополнителни забавни содржини, поради што е тешко да се задржи вниманието и да се чита подолго.

Тоа е првенствено случај со интерактивните електронски книги, каде можете, да кажеме, да го скокотнете скокотливниот јунакот во приказната или да им помогнете на животните преку допирање на екранот, што може да делува на тоа детето да ја занемарува приказната и да продолжи да си игра на овој начин.

Поради тоа авторите на оваа студија им препорачуваат на родителите, сепак доколку се одлучат нивното дете да стане љубител на пишаните зборови, преку новите технологии, да пронајдат некој уред кој не нуди дополнително одвлекување на вниманието.

Читањето, сепак е читање – на кој било начин да се прави.

365 Прегледи