402717-zavrshi-shestiot-leten-kamp-po-veronauka-vo-bigorski-i-rajchicaВо непосредна близина на селото Ростуше, по течението на Радика, се наоѓа манастирот Св. Јован Крстител, уште познат и како Бигорски манастир, кој секако се вбројува во редот на позначајните културно – историските споменици и духовни ризници во Македонија. Според преданието, на овие простори за време на владеењето на византискиот император Василиј II  ( 976 – 1025 ) се подвизувал монахот Јован, кој во една пригода здогледал чудесна светлина. Кога се доближил до неа, монахот ја видел иконата на Св. Јован Крстител како лебди во непосредна близина на изворот.

Со својата исклучителна архитектура и живописен природен амбиент Бигорскиот манастир предизвикува неповторливи чувства и желба повторно да се посети се со цел да се вкуси неисцрпниот извор на религиско вдахновение.

Архимандрит Партениј

Архимандрит Партениј е роден во 1970 година во Битола. Во периодот помеѓу 1990 и 1995 година во неколку наврати ја посетил Света Гора, каде што извесно време престојувал во манастирот ,,Григоријат”. По враќањето на Света Гора во 1995 година, бил замонашен во манастирот Св. Јован Крстител и истата година е ракоположен за јеромонах. Во 1997 година е назначен за игумен на манастирот, а веќе во 1998 година е назначен за архимандрит. За своите исклучителни заслуги за препород на монаштвото, како и за иницијативите за активности од добротворен карактер неговиот роден град Битола во 2011 година му ја додели наградата  4 Ноември за животно дело.

st-jovan-bigorski-by-exploringmacedonia-com st-jovan-bigorski-6-by-darko-onosimoski-panoramio st-jovan-bogorski-9-by-b-onosimoski-panoramio

689 Прегледи