Едно истражување кое ни доаѓа од Јужна Африка, тврди дека празничниот оброк содржи енергија за 1.7 дена планинарење на Хималаите. Но не се фокусирајте на калориите – ова е ден за славење.

Првите 5 минути

1_3

Алкохолот се абсорбира брзо во вашиот крвен систем и ќе ве удри 5 до 10 минути после првата голтка. Алкохолот стига до капиларите под вашата кожа, па затоа прави и да се чувствувате топло.

20 минути

2_0

Просечниот капацитет на стомакот е 1 литар, но потребни се 20 минути за целосните сигнали од страна на стомакот да стигнат до мозокот, откако ќе почнеме да јадеме. За тоа време ние веќе можеме да го надминеме капацитетот на стомакот. Затоа паралелното и брзо јадење и пиење не се препорачува, бидејќи прави да се чувствуваме како надуван балон.

30 минути

3_0

Додека јадете, храната го покачува нивото на шеќер во крвта. На тоа, вашиот панкреас одговара со произведување на хормонот инсулин, кој ќе ја конвертира глукозата во гликоген. Резултатот на тоа е паѓањето на шеќерот во крвта и чувството на благ умор.

1 час

3

После јадењето се зголемува протокот на крвта во дигестивниот трак. Тактот на срцето и на метаболизмот се зголемуваат за да помогнат го дигестијата, а тоа ја зголемува температурата на телото и прави да се потите и да се чувствувате повеќе уморни. Да бидат работите полоши, богатата храна е потешка за процесирање, а алкохолот ја успорува дигестијата.

3 часа

4

На телото му е потребно 3 часа да разложи 250мл чаша вино, но вие сигурно сте испиле повеќе од тоа. Во овие моменти избегнувајте ги сирењата и млечните прозиводи поради состојката amino acid tryptophan, која е лоша комбинација со алкохол.

6  часа

5

Од 6 до 8 часа се потребни на телото за при толку храна и алкохол целосно да се прочисти. Месото се дигестира во амино киселини, кои се абсорбирани директно во крвта.

24 часа

6

Со мала среќа, вашиот мамурлук, во највеќе случаи предизвикан од дехидрација од алкохолот, ќе биде поминат до сега. Телото ќе почне да ја елиминира необработената храна, ќе абсорбира вода и минерали и ќе складира вишок масти.

873 Прегледи