Лице за контакт – Марко – мобилен телефон – 078/849/708

11-ТИ ОКТОМВРИ ВО ПРАГА

10.10 – 15.10.2018 (6 дена / 3 ноќевања)

 1 ден (10.10.2018 – среда) СКОПЈЕ – СРБИЈА – УНГАРИЈА-СЛОВАЧКА

Состанок на групата во 16:30 часот и поаѓање за Прага во 17:00 часот. Патот води преку Р.Србија и Р.Унгарија. Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден (11.10.2018- четврток) – ПРАГА

Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно време. Доцна попладне трансфер до центарот на градот со метро и организирана прошетка низ Еврејскиот кварт – Јосефов, која преставува и најстара еврејска населба во Европа (13ти век) со 6 синагоги, музеи и споменици. Вечерта можност за факултативно крстарење со брод по Влтава. Враќање во хотел со метро. Ноќевање.

 3 ден (12.10.2018 – петок) ПРАГА – ДРЕЗДЕН – КРСТАРЕЊЕ ПО ВЛТАВА – ПРАГА

Појадок во хотел. По појадокот следува разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, црквата Лорето, Градската куќа, Прашката кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани. Слободно време за индивидуални активности и можност за шопинг во трговскиот центар Quadrio. Враќање во хотел. Вечерта факултативна посета на традиционален чешки ресторан со богата фолклорна програма и специјалитети од чешката кујна. Ноќевање.

4 ден (13.10.2018 – сабота) ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – КРИВОКЛАТ – ПРАГА

Појадок во хотел. По појадокот можност за целодневен факултативен излет до Карлови Вари, најголемиот и најпознат бањски центар во Р.Чешка и елитно одморалиште на европската аристократија во 19-от век. Разглед на бањите со локален водич, посета на еден од 12-те извори на термална вода, прошетка покрај нео-ренесансните колонади, паркови. Можност за шопинг на локалните производи од порцелан, стакло и ликерот Беќеровка. Поаѓање за Кривоклат. Посета на тврдината-дворец, изграден во 12-от век од страна на кралевите на Бохемија со вклучена влезница. Поаѓање за Прага со попатна пауза во фабричката продавница на пиварата Крушовице. Ноќевање.

5 ден (14.10.2018 – недела) ПРАГА  – ВИЕНА

Појадок во хотел. После појадокот, одјавување од хотел и заминување кон Виена во 08:00ч. Пристигнување во Виена околу 15:00 часот. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, палатата Белведере, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург…. Слободно време за прошетка. Поаѓање кон Македонија околу 19:00 часот. Ноќно возење со попатни паузи за одмор низ Унгарија и пасошки и царински формалности.

6 ден (15.10.2018 – понеделник) СРБИЈА – СКОПЈЕ

Патување низ Србија и пристигнување во Македонија во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 01.08.2018 – 139 € (8.618 мкд)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 149 € (9.238 мкд)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со модерен туристички автобус на дадените дестинации,
  • Сместување  во хотел Astra 3* (или сличен) во Прага – 3 ноќевања со појадок,
  • Организиран трансфер со метро на релација хотел – центар на град – хотел
  • Организирана прошетка низ Еврејската четврт
  • Разглед на Прага со локален водич
  • Разглед на Виена
  • Професионален туристички пратител од агенцијата за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Крстарење по Влтава – 15€,
  • Целодневна посета на Карлови Вари со посета на дворецот Кривоклат со вклучена влезница – 30€,
  • Посета на национален чешки ресторан – пивница – 35€,
  • Патничко осигурување.
  • Влезници за културно – историските споменици

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 11.06.2018 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  7 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

ОПИС НА ФАКУЛТАТИВИ / Прага /

Крстарење по Влтава

Факултативното крстарење со брод по Влтава, Ви овозможува да ги видите прашките мостови и прекрасната архитектура на овој град од двете страни нa реката. За време на целото крстарење, имате водење на англиски јазик преку снимено ЦД за знаменитостите покрај кои минуваме. Со класична музика, ова е уште една можост да ја видите Прага од еден поинаков, панорамски поглед, од палубата на бродот кон центарот на градот.

Посета на Карлови вари

Карлови Вари е познат бањски центар и град во западниот дел на регионот Чешка во Чешката Република. Се наоѓа на реките Огже и Тепла , на околу 130 км западно од Прага. Наречен е по светиот римски цар Карло IV Луксембуршки, кој го основал градот во 1370 година. Познат е по своите топли извори (13 големи и околу 300 помали, и топлата река Тепла). Градот е главен административен центар на Карловарскиот крај. Над него се издигнуваат златните кули на православната црква Св Петар и Павле.Располага со 12 основни големи термални извори и уште 300 помали. Во Карлови Вари имате ексклузивни хотели, ресторани или бањи, паркот „Колонада“ е познат како парк на Антонин Дворжак од крајот на 19 век. Градот својот израз го наоѓа низ барокната архитектура,познатиот стил од крајот на 19 век „арт Нуво“ , како и термалните извори во колонадата „Спрудел“ Во Карлови Вари може да видите многу куќи и споменици во чест на големите уметници:Моцартовиот парк, каде што почива синот на Моцарт, потоа тука е куќата на Јоханес Брамс и на Штраус, улицата на Петар Велики, спомениците на Гете, на Бетовен, на Шилер, како и меморијалната плоча на Тургенев. Kaрлови Вари е домаќин на Меѓународниот филмски фестивал, еден од најстарите филмски фестивали во светот. Толпата од туристи кои секојдневно доаѓаат во Карлови Вари имаат можност да пијат од топлата вода од карактеристични плосната и садови, да пробаат од слатко-горчливиот ликер Бихеровка, да се напијат од чешкото пиво кое се произведува веднаш до Карлови Вари, во Плзен и во Крушовице и да се насладуваат на карловските опатки (неверојатно вкусни слатки карактеристични само за ова место, кои во зависност од индивидуалниот вкус можат да бидат со арома на какао, кокос, лешник, бадем , ванила)

57 Прегледи