Др. Каспар Едимен, директор на “Бејбилаба” работи на проучување на смеењето кај децата, а во оваа најголема студија на таа тема учествувале илјадници семејства ширум светот.

Почетните истражувања покажуваат дека во првите месеци од животот, момчињата повеќе се смеат од девојчињата. Др. Едимен сака со истражувањето да оди подлабоко и да дознае повеќе за тоа што на бебињата им е смешно и зошто.

Smiling Baby With Blanket
“Разбирањето на бебињата ни помага нам да го разбереме и светот на возрасните”, вели тој. “Бебињата се мали научници. Тие го откриваат светот и низ нив и ние откриваме голем дел од светот исто така”.

Др. Каспар Едимен, поранешен банкар кој станал психолог, толку многу се посветил на ова истражување што одлучил сам да го финансира, иако тој самиот нема деца.

До сега 1400 родители од 25 земји одговориле на спцијално составениот прашалник. “Најголемо изненадување е тоа што, спротивно на врежаното мислење, бебињата почнуваат многу рано да се смеат. Околу 90 отсто од бебињата се насмеале во текот на првите два месеци”.

Интересно е исто така дека повеќето родители инстиктивно играат игри бидејќи бебињата поседуваат чудна моќ да ги натераат возрасните да се глупираат, а на крајот од тоа сите да имаат корист.

Иако истражувањето не е завршено, се покажало дека некои сосема мали бебиња реагираат и на скокоткање, што е спротивно на досегашните верувања дека бебињата на поголема возраст сакаат да се скокоткаат.

Момчињата имаат подобра смисла за хумор

Се покажало дека момчињата имаат поголема смисла за хумор. Имено, тие се смеат во просек 50 пати во денот, додека девојчињата се насмевнуваат просечно 37 пати во текот на денот.

Насмевка и солзи

Во првата година од животот, смеењето и солзите се единствените начини на кои бебињата комуницираат. “Плачењето е знак дека бебето сака нешто да се промени, додека смеењето значи спротивно – продолжи да го правиш она што го правиш”.

527 Прегледи