Возењето по опасни патишта понекогаш е стварно застрашувачко. Некои од нив се рачно направени, други пак се целосно прикриени со вода и карпи. Врзете ги појасите бидејќи Криста ви нуди 15 застрашувачки патишта кои вреди да се погледнат.

Зоји Ла, Индија

Овој пат е долг 9 километри и поврзува два града, Ладак и Кашмир. Премногу е стрмен и тесен, а него го користат возила и стока.

Трансфагаршан, Романиа

Овој пат е лоциран кај Карпатите, достига висина до 2034 метри и е највисок пат во Романија. Познат е по убавините кои ги нуди и секако опасностите.

Автопатот Далтон, Алјаска

Ова е најизолираниот автопат во светот. Долг е 666 километри и поврзува три мали села. Овој автопат се смета за најснежниот во светот.

Кардунг Ла, Индија

Овој пат го држи Гинисовиот рекорд и е широко познат по својата огромна висина која изнесува 5602 метри.

Јунгас, Боливиа

Овој пат е еден од најопасните на светот. Годишно има од 200 до 300 жртви на него. Од една страна е стрмната планина, а од друга е 600 метри високата карпа.

Патот Атлантски Океан, Норвешка

Овој пат поврзува мали, крајбрежни села. Без разлика на опасноста која ја нуди, овој пат главно го користат туристи бидејќи нуди неверојатни пејзажи.

Тунелот Гуолианг, Кина

Овој тунел го имаат изградено староседелците. Пат пресечен низ планината, бил единствениот начин на комуникација на селото со надворешниот свет. Потоа владата го има усовршено 1200 метарскиот тунел за да им помогне на мештаните.

Преминот Гоис, Франција

Овој пат е отворен само неколку часа на ден, бидејќи во останатиот дел од денот е покриен под вода. Пред да се приклучите на 4.5 километри долгиот автопат, прочитајте го распоредот на плима и осека, зошто во спротивно вашето возило ќе биде потонато.

Планинскиот пат Тианмен, Кина

Овој пат е долг 10 километри. Има 99 премногу остри кривини и разликата во висина на почетокот и крајот е 1000 метри. За да се извози овој пат потребни се челични нерви.

Хана, Хаваи

Со должина од 112 километри, овој пат ги поврзува Кахулуи и Хана на островот Мауи. Има 59 мостови од кои 46 се еднонасочни. Често е затворен поради лизгање на земјиштето.

Колима, Русија

Честопати нарекуван и пат на смртта. Овој пат го граделе затвореници во 1932-та година. Неговата конструкција се завршила во 1953-та.

Кол де ла Бонет, Франција

На висина од 2000 метри и лоциран на Француските Алпи, овој пат е еден од најопасните во Франција.

Преминот Готард, Швајцарија

Исто така лоциран на Алпите, долг е 64 километри. Нуди неверојатни релјефи и секако многу опасности.

Кафказкиот пат, Русија

Овој стрмен пат ги поврзува Сочи и езерото Рица низ планините. Страшен и импресивен истовремено. Вреди да се види барем еднаш.

Мостот Ешима Охаши, Јапонија

Мостот ги поврзува Сакаиминато и Мацуе. Долг е 1.7 километри и широк 11.3 метри. Од далеку делува дека е невозможно да се искачи. Висината му дозволува високи бродови да поминуваат под него.

 

865 Прегледи