Родителите навистина имаат огромна листа на работи кои треба да ги проверат, особено кога е во прашање здравјето на нивните деца. Дури и ако сте ги направиле основите (здрава исхрана, избегнување на лекови и слично), сеуште постојат начини преку кои вашите деца можат да бидат изложени на токсини.

Загриженоста на една мајка разоткри уште еден потенцијален извор на опасности за децата: шминката!

Таа ја пратила шминката на своето дете (сите 17 примероци) во лабараторија за да ги смири своите грижи. Но нејзините грижи допрва се зголемиле. Резултатите од испитувањата докажале дека во шминката има канцероген азбест.

Азбестот е познат како еден од најопасните природни минерали, па затоа и најмал конткат со него може да се предизвика рак или спора смрт (познат е како тивок убиец).

Ако 10 годишно дете, е во контакт (вдише) азбестно влакно, тоа ќе биде во неговото тело до неговата 50 година.

Застрашувачка е помислата дека девојчињата кои за забавуваат и играат со шминките можат да доживеат прерана смрт. Запамтете, ако гледате нешто на пазарот, немој да мислите дека е целосно сигурно бидејќи ги поминало стандардните тестови за квалитет и сигурност.

283 Прегледи