Без разлика дали го сакате ( кога сте на топло и уживате во убавината која ви ја нуди белата снежна покривка ) или не го сакате ( кога сте излезени или на пат ) снегот е неизбежен дел од зимата за многу луѓе. Затоа ви нудиме 5 интересни факти поврзани околу снегот.

1.Градот Сиракуза во САД, пробал да го направи снегот нелегален. 

Во 1992 година советот на овој град сакајќи да го намали врнењето на снег ( Сиракуза е еден од најснежните градови во САД ), донеле одлука дека врнењето на снег до вечерта на Божиќ, ќе се смета за нелегално.  За цела среќа мајката природа нејќе да го прекршува законот, па така заврнало снег дури после два дена.

2.Митот за непостоењето на две идентични снегулки

Во 1988 година, научник од САД пронашол две идентитчни снегулки во снежна бура во Висконсин. Со тоа го побил тогашното тврдење дека не постојат две потполно идентични снегулки.

3.Секоја зима во САД, во просек по 1 септилион ледени кристали паѓаат од небото

Во превод тоа е : 1,000,000,000,000,000,000,000,000—24 нули.

4. Снегот е проѕирен, а не бел.

Снегот, како и снежните честици од кои е направен е без боја. Проѕирен е, што значи дека светлината не поминува низ него лесно, туку се рефлектира. Светлината која се рефлектира од површината на снегулките ја дава белата боја.

5. Во 2013-та година во Сиетл, се одржува најголемата “борба” со снежени топки

Точно 5.834 натпреварувачи земале учество на 12-ти Јануари, 2013-та година за да ја создадат најголемата борба со снежни топки во историјата.

964 Прегледи