Азија исто како и другите континенти може да се пофали со неверојатна култура, храна и места кои вреди да се посетат и истражат. Но она со што највеќе може да се пофали е таа драматична убавина на природата која е за нијанса побогата од другите континенти. Нема да должиме многу, само препуштете се и уживајте во природните убавини на Азија.

CHOCOLATE HILLS, ФИЛИПИНИТЕ

Во врнежливите сезони, овие ридови се многу зелени. Со престанувањето на врнежите, Чоколадните Ридови стануваат кафени. Овие ридови се национален геологички споменик на Филипините. Геолозите велат дека карстните карпи еродирале и ги создале ридовите, додека пак легендата за нив е дека два џина се бореле фрлајќи камења и песок се додека не се премориле. Па така настанале и Чоколадните ридови.

 

BAN GIOC-DETIAN ВОДОПАДИТЕ

GOKYO LAKES TREK, НЕПАЛ

Тиркизните води на езерата Гокјо се наоѓаат на висина од 5300 метри.  Ова е највисокиот систем на свежа вода во светот.

MOUNT KELIMUTU, иНДОНЕЗИЈА

Лоцирана на островот Флорес, било многу интересно место за испитување од страна на геолозите, бидејќи кратерот и формираните кратерски езера со текот на годините се однесувале како камелеон и ја менувале бојата. Кога би го посетиле ова место, не би знаеле на која боја би можеле да наидете.

BAN GIOC-DETIAN FALLS, границата виетнам-кина

Слично на Ниагарините водопади кои ја делат границата помеѓу САД и Канада, Бан Гиок-Детиан водопадите ја делат границата помеѓу Виетнам и Кина. Опкружени се со карстни камења и зелени шуми, водопадите близнаци се влеваат директно во реката Куај Сон која тече директно под нив. Пливањето тука е строго забрането, но можете да допловите со изнајмен сплав од бамбус. Во текот на жешката дождовна сезона од мај до септември, нивото на водата се зголемува и протокот на вода е значително зголемен.

774 Прегледи