Сосема е нормално да ги сакаме нашите деца најмногу на свет и да сакаме да бидат тоа што посакуваат, но понекогаш и претеруваме, открива таткото на најдобриот тенисер во светот, Срџан Ѓоковиќ.

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ од мали нозе најголема поддршка добивал од своите родители Срџан и Дијана, а во продолжение следат пет совети кон кои би требало да се придржува секој родител кој сака своето дете да го изведе на вистинскиот пат.

1. Бидете реални кога очекувате нешто од своето дете

Една од најчестите грешки кои ги прави секој родител е тоа што очекува премногу од своето дете. Нереалните задачи водат до негативни резултати, а со тоа создаваат и чувство кај децата дека не се доволно добри. За да се избегне оваа состојба, најдобро е да се постават реални цели,  кои тој ќе може да ги исполни во однос на своите способности.

„Сосема е нормално да ти сакаме нашите деца најмногу на свет и да сакаме да бидат тоа што посакуваат. Јелена Ѓенчиќ кажа дека по Моника Селеш нема сретнато толку талентирано дете, но јас побарав и мислења од други експерти. Кога тие го потврдија мислењето, ми беше јасно дека треба да вложиме се што е во наша моќ“, открива Срџан Ѓоковиќ за талентот на својот син.

2. Борете се за правата на вашето дете

Децата не знаат секогаш да препознаат што е добро, а што е лошо. Затоа тука се родителите да им покажат кои се разликите меѓу двете крајности, но и да застанат во нивна одбрана, кога тоа е неопходно. Како пример Срџан посочува гостување на Новак на натпревар во Франција каде бил сместен во хотел без клима, па тој побарал друго сместување кое ќе ги има сите неопходни услови за тенисерот да се одмори и да се покаже во најдобро издание на теренот: „Го побарав директорот на турнирот и му кажав дека е срамота и дека барам нормален хотел за мојот син, кој мора да се одмори и да биде спремен за натпреварот.“

Ѓоковиќ бил преместен во друг хотел, но бил предупреден дека ќе мора сам да доплати за трошоците. Сепак по победата, директорот на хотелот кажал дека му било чест што му биле гости и дека нема потреба воопшто да плаќа за престојот.

3. Понекогаш мора да бидете строги

Еден од најголемите предизвици за родителите е да ги научат децата на дисциплина, а  притоа тие да не се чувствуваат дека ги прават работите како казна. Тоа значи родителите да ги научат на одредени вредности и вештини, кои ќе им помогнат во созревањето. Новак покрај училишните задачи, тренирал секојдневно, а кога посакал да замине на екскурзија со своите врсници, тој не добил дозвола од родителите, кои го испратиле во Минхен, за целосно да се посвети на тенисот.

„Бев строг и повеќе од потребното и иако ми беше тешко, пред него не покажував слабост. Сметам дека ако сакаше да ја постигне посакуваната цел, мораше на неа да работи сериозно“, открива Срџан.

4. Научете ги децата да гледаат на животот од позитивната страна

Децата кои размислуваат позивитно израснуваат во здрави личности со практични вештини, неопходни за да се изборат со сите животни предизвици. Затоа децата од мали треба да се учат да бидат оптимисти и позитивно да размислуваат за иднината. Колку оптимизмот игра важна улога во тоа, открива Срџан со анегдота за Новак од натпреварот на US Open со Роџер Федеред: „На најголемиот тениски стадион на кого собира публика од 24. 000 луѓе, речиси 23. 000 извикуваа Роџер, Роџер, Роџер, а Ноле по турнирот откри дека цело време слушал Ноле, Ноле, Ноле. Тоа значи дека себе си се довел до ситуација негативната енергија да ја претвори во позитивна. “

5. Помогнете во носењето на важни одлуки и бидете најголема поддршка

Во развојот на детето и неговиот талент, клучна улога игра поддршката од родителите. за што потврдува и случајот со Новак. Сумирјќи го детството на својот син, Срџан кажал дека родителите најдобро ги знаат своите дњца, но дека треба да им дозволат сами да одлучат за својата судбина: „Вашата судбина е во вашите раце и не дозволувајте други да одлучуваат за неа. Вие сте авангарда на се добро што треба да ви се случи во иднина и според тоа, вашиот живот е во вашите раце.“

Zenskimagazin

233 Прегледи