Многу е голема разликата помеѓу Класичната Религиозност и Мистичната Духовност. Многу е значајно да се препознае ова и да се расудуваат разликите. Тоа секогаш игра двојна улога. Првата е внатрешна, фиксирана, само апсорбирана а втората е надворешна, сочувствителна, емпатска. Неможе да има една ако нема друга. Или ги има двете или ниту една.

Класичната Религиозност ве прави затворени во кафез ( идентично како во секта ) – Мистичната Духовност ве прави слободни

Религијата ви кажува да ја следите идеологијата и да ги почитувате одредените правила или ќе бидете казнети ако се однесувате поинаку. Духовноста ви овозможува да го следите срцето и она што го чувствувате за правилно. Ве ослободува да бидете она што навистина сте без да морате да се поклоните кон нешто што не резонира ништо за вас, ниту со никого, бидејќи сите ние сме на крај едно. Се зависи од вас, за да изберете на што ќе му оддадете доволно срдечно внимание за да го направите божествено ( да го осветите, осветувајќи се самите ).

Класичната Религиозност ви покажува Страв – Мистичната Духовност ви покажува како да бидете храбри

Религијата ви кажува од што да се плашите и ви ги кажува последиците. Духовноста ве прави свесни за последиците, но не сака да се фокусирате на стравот. Тоа ви покажува како да се држите и покрај тоа што се плашите, како да продолжите со тоа што ќе го направите или она што го сметате за исправно и покрај последиците што можат да дојдат. Тоа ви покажува како да се однесувате на љубовта, а не на стравот, тоа ви покажува како да го контролирате стравот и да го искористите најдоброто од тоа.

Класичната Религиозност ви ја открива вистината – Мистичната Духовност ви овозможува да ја откриете

Религијата ви кажува во што да поверувате и што е исправно. Духовноста ви овозможува да ја откриете сами и да ја разберете на свој единствен начин. Тоа ви овозможува да се поврзете со Троичниот Бог преку вашето повисоко Себство и со својот ум да гледате каква е вистината бидејќи вистината како целина е иста за секој од нас. Тоа ви овозможува да верувате во вашата вистина преку сопствената перцепција на вашето срце.

Класичната Религиозност ве одделува од другите религии во најзначајното а тоа е Духот – Мистичната Духовност ве обединува во духот со другите

Преку нашиот свет постојат многу религии и сите проповедаат дека нивната приказна е вистинската приказна. Духовноста ја гледа вистината во сите нив и ги обединува, бидејќи вистината е иста за сите нас и покрај нашите разлики и посебност. Таа се фокусира на квалитетот на божествената порака што се дели, а не на разликите во деталите за приказната што ја зборуваат. Тоа во суштина е и самиот Троичен Бог – Христос.

Класичната Религиозност ве оддалечува – Мистичната Духовност ве прави независни

Ако присуствувате само на религиозни настани тогаш ќе се гледате како некоја религиозна личност и некој што е достоен за среќа. Духовноста ви покажува дека не треба да бидете зависни од тоа од кое што ќе бидете среќни. Среќата секогаш се наоѓа длабоко во себе и само ние сме одговорни за тоа. Секогаш сме таму каде што треба да бидеме, а не само додека сме на некои настани или во некои згради. Божественоста е во нас и затоа треба да сме секогаш достојни.

Класичната Религиозност се однесува на казнување – Мистичната Духовност ја применува Кармата ( тоа што ќе посееш, тоа ќе пожнееш )

Религијата вели дека ако не ги почитуваме одредените правила, постои казна која нè очекува што се потпира на нашето верување. Духовноста ни овозможува да разбереме дека секоја акција има своја реакција и да сфатиме дека казната на нашите постапки ќе биде реакцијата што доаѓа од активностите што ги воведовме. Се потпира исклучиво на основните сили на Универзумот водени од Царот на Универзумот кој е Трочниот Бог.

Класичната Религиозност ве тера да следите туѓо патување – Мистичната Духовност ви овозможува да создадете свое сопствено

Основата на една религија е приказната што таа ја раскажува за Бог ( Светиите ) или пак Боговите, нивното патување кон просветлување и вистината што ја откриле, со што ќе ги следите нивните чекори. Духовноста ви овозможува да си одите со своето патување до просветителството и да ја откриете вистината на свој начин, следејќи го она што вашето срце го кажува дека е исправно, бидејќи вистината е секогаш иста, без разлика колку време ќе ви треба или како ќе стигнете до тоа.

Секоја религија дојде од духовноста, преку патувањето низ кое едно лице станало како Бог ( се богоуподобуло ) и самото Православие каде Бог се воплотува. Деталите на приказната не се важни тие само му помагаат на ликот да ја открие вистината. Пораката што ја дели вистината е она што е важно, Божествениот Кодекс на Човечкото срце, кој хармонично резонира низ секој од нас. Затоа секоја религија има нешто вистинито во неа, вистината.

161 Прегледи