Во интервјуто Путин потенцираше како Русија требала да ги предвиди големите геополитички промени после обединувањето на Германија, но се покажала неспособна за тоа и така ја изгубила рамнотежата во политичкиот свет.

Владимир Путин даде интервју за каналот за вести на youtube, Russia Insight, кој наскоро ќе биде објавен како документарен филм со наслов “Светски Поредок 2018″. Некои делови од интервјуто се веќе објавени како што е делот во кој Путин изјавува дека би направил се што е потребно (би војувал со цел свет) , доколку стабилноста на Русија е под знак прашалник.

Путин стави акцент на грешката која Руската политичка сцена ја направи во 1990-тите години, со паѓањето на Берлинскиот ѕид и со зајакнувањето на НАТО и САД. ” Не само што дозволивме обединување на Германија и ги повлековме своите војници, ги повлековме и војниците од другите источноевропски земји, очекувајќи дека НАТО ќе престане да постои со потпишувањето на Варшавскиот договор.”

Ова се две маици ( примери ) од производите на нашата онлајн продавница. Посетете ја, разгледајте многу други и нарачајте на горенаведениот линк.

11548 Прегледи