Претседателот Николас Мадуро изјави дека Венецуела од криптовалутата Петро уште во првиот ден заработила 735 милиони долари, а со тоа Венецуела го најавува кршењето на финансиската блокада од страна на САД.

Мадуро изјави дека оваа криптовалута може да се споредува со Супермен и дека нема ништо да ја сопре. Разликата кај оваа криптовалута во поглед на останатите е тоа што оваа криптовалута има подлога во резервите на нафта, гас, злато и дијаманти на Венецуела.

Промовирајќи ја оваа криптовалута како прва државна, Мадуро појасни дека целта на Петро е да ја унапреди монетарната суевереност на земјата.

662 Прегледи