Молитва, Спа, Сауна, Дружба. Сеопфатен Восхит. Дводневен пакет аранжман кој ќе ви овозможи перфектна комбинација на духовното и туристичкото. Два дена се доволни да се наполниме со Благодат, да ги очистиме лошите мисли, да уживаме во Природните Дарови и да го релаксираме нашето тело во понудата во рамките на хотелското сместување.

Лице за Контакт Марко – МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН – 078 849 708

Цена на Аранжманот – 50 евра ( 3050,00 денари )

Во цената е вклучено: 

  1. Превоз со Туристички автобус на релација Скопје-Банско-Рилски манастир- Скопје
  2. Сместување во Хотел Поларис Ин во Банско, во трокреветни студија и четворокреветни апартмани, со вечера и појадок.
  3. Придружник и водство на патувањето како и ПОДАРОК ЗА СЕКОГО.

Во цената не е вклучено:

Патничко осигурување

Факултативни посети на ресторани во Банско и Рилски манастир

За реализација на аранжманот неопходни се минимум 40 лица

За сето неспомнато важат општите услови на патувањето.

 

ПРОГРАМА

24.03.2018 ( Сабота ) 7: 00 часот

Тргнување од Скопје од паркингот на Хотел Русија. Патување со попатни застанувања преку Крива Паланка, Ќустендил, Благоевград, Разлог па до Банско. Пристигнување во пладневните часови во Банско и сместување во хотелот Поларис Ин. Сместување во Студија и Апартмани. Можност за користење на хотелскиот базен и сауната, или време за прошетка, скијање и одмор. Одење на вечерна Молитва во Црквата Света Троица. Враќање во хотелот и вечера. Ноќевање.

25.03.2018 ( Недела ) 

Можност за Света Литургија во Црквата Света Троица. Појадок. Тргнување кон Рилскиот Манастир. Пристигнување во еден од најубавите Манастири на Балканот. Разгледување на фреските и дворецот како и музејската поставка со подароците кои европските владетели му ги дарувале на Манастирот. Можност и за разгледување на бистрите води кои го опкружуваат Манастирот како и консумирање пресно уловена речна риба. Во попладневните часови тргнување кон Македонија. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.

 Лице за Контакт Марко – МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН за Контакт – 078 849 708

Погледнете ја нашата Фото-галерија. Подолу се приложени линкови од статии каде можете да прочитате се во детали.

Рилскиот Манастир – Црно-Белa Призма на архитектонски скапоцениот камен

На Литургија пред Скијање ( Бесценето ) – Црква Света Троица Банско – Фото+Инфо

Банско Ис Он Фајр !!!

Зошто ова Патување во Банско е полн погодок – Фото+Инфо од Хотелот Поларис Ин во Банско

 

863 Прегледи