Претходно беа само родителските проблеми, а сега покрај несогласувањата на родителите, децата страдаат околу непотребните стресови на училиште, од социјалните мрежи и уште многу други стресни проблеми на модерното општество кои се главни причинители за се поголемиот број на деца со психички и ментални проблеми.

Најчестите се секако анксиозност, паника и депресија. Глобално земено, 96% од учителите во основните училишта, потврдија дека барем еднаш во животот работеле со деца со вакви проблеми.

Околу 20% од децата со психички проблеми се на возраст од 4-7 години, додека пак 30% се на возраст од 7-11 години. Многу од учителите споделуваат потресителни настани кои вклучуваат и обиди за самоубиство на децата.

Најкритични се децата од 11-16 години. Тие најтешко го прифаќаат притисокот од општеството и имаат сериозни проблеми со стекнување на пријатели и пратење на наставата.

На менталното здравје на децата најмногу влијаат семејните проблеми, дури 86%. Тука се и притисоците од училиштата со 66% и социјалните мрежи со 64%. Овие работи се основа за развој на многу психички и ментални болести кај децата.

Освен веќе набројаните анксиозност, паника и депресија, децата многу често страдаат и од пореметувања во исхраната, самоповредување и опсесивно компулсивно растројство.

 

175 Прегледи