Популист, прагматичар, авторитетна личност, итар тактичар – со години на врвот на Руската и светската политика, а Западните експерти сеуште неможат да го дешифрираат целосно.

Во продолжение ви нудиме некои цитати од Владимир Путин, преку кои ќе можете да согледате како тој гледа на светот во денешницава!

За САД

“САД е голема сила, веројатно единствената суперсила која постои денес. Ние го прифативме тоа и сме спремни на секаква соработка со нив, доколку ни се поклопуваат интересите. Они само треба да прекинат да се  мешаат во нашите работи и да престанат да ја спречуваат Европа да изгради добар однос со нас.”

За Европа

” Дали Европските држави воопшто имаат корист од политиката која ја пропагира Вашингтон?! Не сум сигурен. Дали тоа е поентата на сериозната политика?! ”

За НАТО

” Го нема повеќе Советскиот Сојуз, го нема повеќе источниот блок. По мое мислење, на НАТО му треба уште еден надворешен непријател со цел да го оправда своето постоење. Па затоа константно постои потрага по тој непријател и се создаваат провокации и противници таму каде што ги нема.”

За Блискиот Исток

” Имаше обиди да се реформира регионот, да се наметне модел надвор од пропишаниот. Наместо борба против екстремизмот, некои сили сакаат хаосот да владее засекогаш. ”

За Украина и Киев

” Интересите на Рускиот и Украинскиот народ се исти. Она што не е исто се целите на украинската влада и светската елита.”

 

204 Прегледи