Да се свртиме кон појавата која требаше да ја покоси руската држава и Руската Православна Црква, а преку неа и сета полнота на Црквата Христова на земјата, да ги доведе до самата граница на целосно уништување – Руската револуција.

„Страшно е и таинствено – напиша митрополит Анастасиј, вториот по ред првоиерарх на Руската Православна Црква Задгранична – мрачното лице на револцијата. Кога се разгледува нејзината внатрешна суштина, таа не е во оквирот на историјата и не може да се проучува на исто ниво со другите историски факти. Во своите најдлабоки корени, таа ги ги надминува границите на просторот и времето, како што тоа го дефинира Гистав ле Бон, кој ја смета за ирационален феномен во која на дело дејствуваа мистични натприродни сили. Но, тоа што порано беше нејасно, по Руската револуција стана очигледно. Во неа секој почувствува, како што се изрази еден современ писател, критичното отелотворување на апсолутното зло во природата на човекот, со други зборови, овде јасно се покажа учеството на ѓаволот – тој татко на лагата и древен непријател Божји, кој се обидува човекот да го претвори во свое послушно оружје против Бога“.

Големи светилници, каков што е св. Јован Кронштатски предупредуваа на катастрофата која што се наближуваше. Во 1907 година епископ Андроник, иден свештеномаченик, напиша: „Не е во прашање борба помеѓу два административни режима, туку борба помеѓу верата и неверието, помеѓу христијанството и антихристијанството. Древната антихристијанска завера – започната од страна на оние кои за Исуса Христа бесно викаа на Пилат: Распни го, распни: крвта Негова на нас и на нашите деца! – продолжи да живее преку своите различни ограноци и тајни здруженија. Во 16 век таа се претвори во еден особено таен антихристијански ред Темплари, а во 18 век стана познат како Илуминати и Розенкројцери, за конечно во масонството да се претопи во универзална еврејска организација. Сега, бидејќи доби сила, конкретно во Франција која целосно е во рацете на масоните, масонеријата веќе отворено го прогонува христијанството (истерува) од животот. На крајот, масонеријата ќе го донесе човекот на безаконието, синот на погибелта – антихристот (2. Сол. 2). Овде е решението на загонетката на нашите најнови слободи: тие имаат за цел уништување на христијанството во Русија.

Еве зошто се користи францускиот збор “либерал“, кој помеѓу масоните означува оној кој значајно допринесува за остварување на масонските цели, а потоа добива значење на „слободољубив“ во поглед на верата, за веќе отворено да се премине во антихристијанство. Тоа е клучно за решението на загонетката на таа огорчена борба за контрола над школството која се води во Државната Дума: ако либералните тенденции добијат контрола над школството, успехот на антихристијанството е загарантиран. Тоа е решението на загонетните симпатии на либералите кон сите видови на секти во христијанството и во нехристијанските религии. Секташите не спијат – тие сега одат во напад на децата… А кога вашите деца ќе пораснат и ќе дојдат на универзитет – овде се Миљуков (идниот министер на надворешни работи на Привремената влада) и неговата компанија кои ќе жонглираат со фактите и ќе ги лажат, учејќи ги студентите како науката докажа дека човекот потекнува од мајмун. Така, од нашите деца ќе направат ѕверови, но со една разлика: мајмунот е кротко и послушно животно, додека овие луѓе – ѕверови ќе бидат горди, дрски, окрутни и погани…“

Веќе на почетокот на деветнаесетиот век прозорливиот Авел му пророкувал на Царот Павле Први: „Николај Втори ќе биде свет цар, како многустрадалниот Јов. Тој ќе има ум Христов, смирение и чистота. Светото Писмо говори за него: псалмите 90, 10 и 20 ми ја открија неговата судбина. Тој царската круна ќе ја замени за трнов венец, ќе биде предаден од својот народ, исто како некогаш Синот Божји. Тој ќе биде искупител и како бескрвна жртва  ќе го искупи својот народ. Ќе настане војна, голема војна, светска војна. Луѓето ќе летаат по воздухот како птици и ќе пливат во водата како риби, со смрдлив сулфур ќе почнат да се истребуваат еден со друг. Во навечерието на победата рускиот трон ќе се сруши.

Предавството ќе расте и ќе се умножува. И вашиот правнук ќе доживее предавство, а многу ваши потомци ќе ја избелат својата облека со крвта на Јагнето, додека власта во безумството свое со секира ќе ја преземе селанецот, но и тој подоцна ќе заплаче. Ќе започне вистинска египетска казна… Крв и солзи ќе ја натопат земјата. Реки од крв ќе потечат. Братот ќе стане на својот брат. И повторно: оган, меч, инвазија на странците и внатрешна непријателска безбожна власт. Евреинот ќе ја бие Русија како шкорпија, ќе и ги земе нејзините светињи, ќе ги затвори црквите и ќе ги погуби најдобрите руси. Бог тоа ќе го допушти – тоа ќе биде Неговиот гнев на Русија поради нејзиното отфрлање на помазаникот Божји (Царот)“.

Царот абдицира на 2 Март 1917 г., бележејќи го тој ден во својот дневник дека е опкружен со „предавство, подмуклост и кукавичлук“. И навистина, на абдикација го наговараа многу водечки личности во царството, вклучувајќи големи кнезови, генерали, министри и членови на парламентот, бидејќи било речиси невозможно да ја сочува власта, бидејќи тоа би довело до граѓанска војна. За да спречи граѓанска војна за време на светската војна против Германија, Царот абдицира во корист на својот брат, Великиот кнез Михаил.

Дали бил во право? Се говори дека неговата советничка, великата старица Параскева (Паша) Саровска (+1915), која предвидувајќи му ја иднината при прославувањето на Серафим Саровски во 1903 година, му рече: „Ваше Величество, самите симнете се од тронот“. Меѓутоа, друга голема старица, блажена Матрона Московска (+1952) подоцна му рече: „Залудно цар Николај се откажа од тронот, не требаше тоа да го направи. Го принудија на тоа. Му беше жал за народот и цената сам ја плати бидејќи однапред го знаеше својот пат.“

Меѓутоа, како што истакнува Михаил Назаров, според Основниот Закон на Руското Царство, издадено од страна на Царот Павле Први, сите членови од Царското семејство се заколнуваат дека „нема да прифатат абдикација на владеачкиот Цар“ („од религиозна гледна точка, абдикацијата на монархот, како помазаник Божји, спротивна е на актот на неговото свето крунисување (венчавање на Царство) и миропомазание и таа би била возможна само во случај на пострижување во монаштво“ – Н. Корево).

Уште помалку неговото Величество имал право во името на својот син да се откаже од престолот во корист на својот брат, бидејќи неговиот брат Михаил Александрович ниту имал право да го наследи тронот уште за животот на малолетниот Принц Алексеј, ниту да биде крунисан, бидејќи се оженил со разведена жена, ниту пак може да се пренесе власта на Привремената влада или со одлука судбината на монархијата да ја препушти на идното Уставотворно собрание. Дури и со одлука на таквото Собрание да биде поставен монарх, „тоа би значело укинување на православниот принцип на легитимитет од Основниот Закон“, па затоа овие акти би биле „правно непостоечки“, како што вели Жишкин (а во што Корево се сложува со него). Великиот кнез Михаил Александрович издаде само еден акт во кој го изрази своето лично мислење и неговата абдикација за никого немала обврзувачка сила. Со тоа, тој самиот себе се отстрани од наследувањето во склад со Основниот Закон, кој во неговите очи правно не постоеше, покрај фактот што порано, како Велики кнез, на денот кога наврши потребната година, се заколна на верност на одредбите на Основниот Закон за наследување на тронот и поредокот внатре во Царското Семејство“.

Се подразбира, неговото Величество не очекуваше таков чекор од својот брат, чекор кој под знак прашање го стави и самото монархијско уредување… Сепак, Великиот кнез Михаил Александрович исто така делуваше под принуда, под притисок на заговорниците кои влегоа во неговата куќа. Керенски призна дека тоа била нивната цел: „Одлучивме актот на абдикација на Михаил Александрвович да го поткрепиме со секоја потребна гаранција, но така што, абдикацијата да има доброволен карактер“.

Навистина, резултатот од царевата абдикација за Русија беше другачие од она на што тој се надеваше и во што веруваше. Наместо уредно пренесување на власта од еден член на царското семејство на друг, Великиот кнез Михаил исто така абдицираше и цела династија и самодржавниот поредок се срушија. Наместо да спречи граѓанска војна во корист на победа во светската војна, абдикацијата беше попратена со пораз во Првата Светска Војна, со најкрвава граѓанска војна во светската историја, и препуштање на измачената земја на богоборната анти-власт – колективниот антихрист.

Владимир Мос

ПРОЧИТАЈ ПРВ ДЕЛ ТУКА

211 Прегледи