Европската Унија и Јапонија ќе потпишат трговински договор кој ќе ги елиминира скоро сите царини.

Јапонија се надева дека зајакнувањето на врската со ЕУ ќе ги живне меѓусебните директни инвестиции и ќе допринесе за да се крене угледот на јапонските брендови. ЕУ објави дека либерализацијата на трговијата ќе доведе до раст на извозот на хемиски производи, облека, козметика и пиво во Јапонија, а со тоа ќе се осигураат работни позиции во Европа.

Јапонците од Европа исто така ќе добиваат ефтино сирење и чоколадо. Со овој договор се очекува да се надминат тешкотиите кои беа наметнати од страна на САД и Доналд Трамп.

Двете страни истакнуваат колку е битен овој договор кој опфаќа 1/3 од глобалната економија и пазар со повеќе од 600 милиони луѓе. Овој договор ќе овозможи пониски цени на европските вина и свинско месо за јапонските потрошувачи, додека за европјаните поефтини ќе станат јапонските делови за машините, чајот и рибата.

184 Прегледи