Долгото носење на мобилен телефон во близина на гениталиите кај мажите го намалува бројот на сперматозоиди, покажуваат новите студии направени од студенти на Австралиските универзитети.

Авторите на истражувањето собрале и анализирале податоци од 27 поранешни студии кои се занимавале со влијанието на зрачењето врз машката плодност. Се покажало дека постои голема поврзаност меѓу радијацијата на мобилните телефони и оштетувањата врз сперматозоидите.

Направена е анализа на 1.492 примероци и утврдено е дека мобилните телефони ја намалуваат мобилноста на сперматозоидите за осум проценти, додека нивната одржливост исто така е намалена за девет проценти.

 

628 Прегледи