Четиринаесетгодишно девојче од Виетнам доживеало електирчен удар од својот Apple полнач, додека го полнела својот iPhone…

Во јули, 2013 година, 23 годишна стујардеса доживеа струен удар откако одговорила на повик на својот iPhone 5, додека уредот се полнел. По ваквиот инцидент, се појавија низа корисници кои почнаа да се жалат од своите iPhone и iPad уреди поради истиот проблем. Во поголемиот број случаи, проблемот бил предизвикан од користење на неоригинален полнач.

Сега, неколку години подоцна, повторно се појави ваква приказна. Имено, 14 годишно девојче од Виетнам доживеало струен удар од својот Apple полнач при спиење, додека се полнел нејзиниот iPhone 6. Полицијата претпоставува дека Le Thi Xoan го приклучила својот телефон на официјалниот Apple полнач и го ставила на креветот додека спиела. Најверојатно, некоја жичка од кабелот била искината и кога девојчето се свртело и го допрело кабелот се случила несреќата. Следното утро, родителите ја нашле во нејзиниот кревет без свест и веднаш ја однеле во болница. За жал, обидот да ја спасат бил неуспешен.

Се надеваме дека ваквата приказна ќе ве мотивира да ја проверите состојбата на вашите полначи и да бидете повнимателни додека ги полните вашите уреди.

from GSM.mk

161 Прегледи