Различни делови од телото – различни болки
Ако сакате да знаете специфичности, постојат делови од телото кои одговараат на одредени блокажи. Ова се некои од симптомите за фантомските болки ( предизвикани од емоции ).

Глужд: кога сте нефлексибилни / што значи бидете пофлексибилни.

Грб: неподготвеност да се движите напред, држејќи се назад / конектирајте ги клучните точки на минатото така ќе ја имате сегашностса, кога ќе добиете фокус тогаш ќе ја имате и иднината.

Градите: кога сте исклучени од љубов/Барајте љубов, давајте, примајте, одете каде што има љубов.

Стапалата: кога сте исклучени од Земјата/ пешачете, одете во природа, имајте допир со природата.

Чело: кога одбивате да ги слушнете пораките од вашето трето око/ молете се повеќе, заблагодарувајте се, смирувајте се повеќе и почесто, слушајте соодветна музика, јадете соодветна храна, за што помирни да сте.

Главоболки: кога вашиот “логичен” ум се бори со вашата Внатрешна Вистина.

Колковите: кога дозволувате да бидете заглавени во животот/ свесно и намерно одглавете се со само една одлука.

Колена: кога одбивате да бидете ранливи и смирени; дозволувајќи ви ги контролираат егото или гордоста / тешко е многу но обидувајте се додека не успеете, покажете ја вашата ранливост прегрнете ја, тоа сте вие, тоа е клучен дел од вас, тогаш ќе се смирите.

Долен дел на грбот: кога не ја земате потребната емотивна поддршка од семејството и пријателите / Можеби ја добивате а не ја гледате, но доколку навистина не ја добивате борете се до самиот финиш за да ја добиете.

Средината на грбот: кога имате чувство на неурамнотеженост помеѓу одговорностите и вашите сопствени потреби / Морате да се стремите за баланс во вашиот живот, од се по нешто умерено, или пак правете периодични промени од аскетизам и смирување па до многу забава, дружба, патувања.

Мигрени: кога сакате да се исклучите целосно, одвојувајќи се од светот/ не го правете тоа нема потреба и на магичен пат исчезнува ова.

Шин: кога дозволувате стравот да ве води / Погледнувајте го секој страв во очи, прегрнете го подајте му рака и освојте го.

Раменици: кога самостојно ги носите сите “оптоварувања” на животот/ Не само што не смеете да го правите ова, туку е невозможно тоа. Се што е невозможно не е ни потребно. Или дури и да малку во некоја мера возможно мора на прав начин да биде правено и во добра насока.

Рбетот: кога чувствувате како да не сте поддржани во животот/ Или не гледате како што треба и треба да се опуштите и да си кажете сум подржан а доколку упорно го чувствувате тоа тогаш морате да ја најдете потребната средина од каде ќе црпете подршка.

Стомак: кога не ги обработувате емоциите / Морате да ги процесирате, едноставно морате сами со себе да размислувате. Не смеете да не оставате дел во денот каде ќе размислувате, молите или медитирате.

Грло: кога не ја зборувате својата вистина / Почнете да ја зборувате храбро без оглед на се и без оглед на цената. Доколку не си ја знаете сопствената вистина морате да ја дознаете.

317 Прегледи