Црквата на Светиот гроб во Ерусалим повторно ќе ги отвори своите врати откако Израел го повлече контроверзниот даночен план и Законот за сопственост кои беа предизвикани од тридневниот протест.

Градоначалникот на Ерусалим го суспендираше денес даночниот план, кој од недела, 25 февруари, поради кој беше затворена црквата на Светиот Гроб, изграден на местото каде Христос бил распнат, а потоа закопан.

Црковните водачи ја затворија во неделата, Црквата на Светиот гроб во Ерусалим, за да протестираат против новата даночна политика на Израел и предлог-законите за експропријација на земјиште, која се нарекува невиден напад на христијаните во Светата Земја.

Тогаш великодостојниците на Римокатоличката, Грчката православна и Ерменската православна црква рекоа дека црквата ќе остане затворена се додека немаат дополнителни информации.

343 Прегледи