Во последните децении, феминизмот кардинално го промени традиционалното семејство. Притоа ни послабиот ни посилниот пол не победија. Наместо рамноправност, се случи отворeна нерамнотежа во полза на жената – победник, и пасивниот маж.

Уште повеќе, во САД и Европа традиционалните семејства се заменети од хомосексуални бракови и повремено тоа дури се претставува како пример. По резултатите од испитувањето, таа наклонетост вештачки се распространува од страна на една група банкарски кланови, за кои феминизмот стана оружје за создавање на ново општество и за намалување на бројот на жителите на земјата.

Извори

Почетокот  на “семејните реформи” бил поставен уште во XVII век. Тогаш француските просветители Волтер, Дидро, Хелвециус и Монтескје ја изнеле идејата за неправедниот однос кон послабиот пол. Како резултат на тоа, во првата половина на XIX век во Европа и САД се појавиле првите  општествени организации. Основна задача  на женската еманципација од тоа време се состоел во добивањето право на глас. Настанале два соновни правци на феминизмот – либерален и марксистички. Првиот настанал на Запад, каде како активистки настапувале  интелектуалките од повисокото општество. Вториот се ориентирал на жените од народот и бил прифатен во Русија и во други држави, кои подоцна се приклучиле на социјалниот табор.

Двете светски војни забележително ги намалиле активностите на феминистките – традиционалното семејство повторно излегло во преден план. Но веќе во 1960 година, на Запад се подигнал друг бран на феминизмот. Ако во првиот бран жените добивале право да бираат, сега истапувале за правото да бидат избирани. Теоретичарите измислиле нови феминистички концепции. Светот ги видел постмодернистичките, психоналитичките и радикалните движења.

Што се однесува до третиот бран на феминизмот, тој започнал во 90-тите години на минатиот век и трае до денес. Неговата разлика од претходните е во тоа што се ориентира на државите во Азија, Африка и Латинска Америка.

Момчиња за женидба

Во последните три децении феминизмот до непрепознатливост ја изменил социјално-работната панорама на Земјата. Истражувањето на Pew Research Center под наслов “Новата економија на семејството: напредувањето на жената”(јануари 2010 год.) тоа очигледно го претставува. Ако во 1970 г. во САД 4% од мажите имале доброситуирани и богати жени, тогаш во 2007 г.  такви имало дури 22%. Приходот на жените за 30 години пораснал за 44% а кај мажите динамиката е 6%. Поточно, годишните примања на немажените жени пораснал од 35.000 на 48.700 долари, а на мажените од 45.700 на 74.600 долари (во период од 1970г до 2007г.).

Во Русија не се правени такви истражувања, но и кај нас веќе дошло до слична појава. Во периодот од 2000-2007 год. посилниот пол стабилно го надминувал послабиот пол според степенот на невработеност. Дури и во кризната 2008 г. жените поуспешно наоѓале работа (6,4% невработени жени против 7,5% невработени мажи).

Според мислењето на аналитичарите, набргу изразот “среќно омажена” ќе стане архаизам, а норматив ќе стане “момчиња за женидба” – мажите кои бараат таков брак се се побројни. Во социјалната психологија, синдромот на трудот добил наслов “криза на машкоста”. Научниците убедуваат дека таа тенденција со време само ќе напредува. Бидејки денес постојат идеални услови за размножување на мажи – паразити. “Истражувањата сведочат за општата тенденција: се зголемуваат образовните и кариерните возможности за жената и желбите на мажите да го делат бремето на финансиите со идните сопруги” – смета социологот Кристин Велан од универзитетот во Ајова. Од своја страна Ричард фрајд од Pew Research Center, се радува на новите можности: “Денес мнозинството жени работат. За момчињата економијата на бракот станува се попрофитабилна” (Chicago Sun  Times, 23 јан. 2010).

Од корен се менува и начинот за избор на невеста. Сега критериумите за избор на идна жена се групираат околу образованието, финансиите и според работната способност. Според податоците на Pew Research Center во 2007 год. само 19% од жените имале пообразувани мажи, а 28% живееле со помалку образувани. Четириесет години наназад се’ било обратно. Во 1939 год. точката на “финансиската возможност” заземала 18-то место на списокот на машките приоритети при изборот на идната сопруга. Во 2008 год. младоженците станале попрактични и  “прашањето за парите” се поместило на 12-то место, според податоците на февруарското истражување на универзитетот во Ајова.

Еманципација на среќата

За жал, феминизмот, како што покажува реалноста, не им ветува преголема радост на жените. Често по работата “победничката” се претвара во “чуварка на огништето” и ги работи домашните работи. Од друга страна “победникот” се претвара во “чувар на диванот и на телевизорот”.  Излегува дека послабиот пол го презел врз себе комплексот на традиционални женски работи и на машките обврски. Притоа во општеството до денс постои разбирањето за “женска” и “машка” плата. Pew Research Center, подвлекол дека во 2007 год. Во САд платите на “послабиот пол” претставуваат 78% од платата на “посилниот пол” за истите работни места.

“Парадоксот на гаснење на женската среќа” (The Paradox of Declining Female Happines) – така се нарекува истражувањето на социологот Бетси Стивенсон и на Џастин Волферц од Националното биро за економски истражувања САД, издадено во мај 2009 година. Во склад со резултатите кои се наведени тааму, уште пред 35 години во САД и 12 земји на ЕУ, била очигледна појавата на незадоволство на жените од сопствениот живот.

“Традиционално жените покажувале поголем степен на среќа од мажите, но сега се се свртело на спротивна страна”, пишуваат авторите. Потпирајки се врз анкетите за последните 35 години, научниците изведувале специфични големини на коефициентите на угодно самодоживување на прашалникот. Така  во 12-те  најразвиени земји на Европската Унија “коефициентот од задоволност со животот” кај жените бил понизок одошто кај мажите.

Феминизмот не само што ја прави жената помалку среќна, туку го поткопува и нивното здравје. Во март 2007 год. научниците на шведскиот Институт за социологија и медицина ги споредиле податоците од страна на личности од сите 290 шведски општини земајки по девет показатели. Се испоставило дека изедначувањето на разликите и примањата и кариеристичките можности помеѓу половите им ги скратува животите и на едните и на другите. Мажите страдаат од губењето на одговорноста за семејството. Жената се свиткува пред тежината на притисокот и на стресот.

Произведувачите на феминизмот

На таков начин, семејството со пасивен маж и жена-победник не е во склад со законите на природата. Излегува дека некој упорно ја распространува еманципацијата на вештачки начин. Во интервјуто дадено на Алекс Цонс на 29.01.2007г. режисерот и продуцент Аарон Русо му рекол дека  еманципацијата  била осмислена од страна на семејството Рокфелер. Според зборовите на Русо, неговиот пријател Николас Рокфелер самиот му зборувал за целите на вештачката еманципација: добивање дополнителни плаќања на данок и воспоставување на идните поколенија според своја замисла.

Не е исклучено самиот Николас Рокфелер малку да се фалел, и програмата “емансипе” да се шири само од еден туку од група банкари од САД и Европа. така што не можеме да го обвиниме за расфрлање. Постојат факти што ги потврдуваат неговите зборови. Денес Rockafeller Foundation спонзорира повеќе од 48 организации, општествени, државни и научни институти, кои на овој или на оној начин ја застапуваат понатамошната еманципација низ целиот свет (види Grant and Grantees, www.rockafellerfoundation.org). На пример, една од последните донации е 3 милиони долари за програмата на Стејт Департментот (Државниот оддел) САД за ослободување на жените и девојките. Сретствата одат за плата на најактивните лобисти.

Не помало внимание заслужува и верзијата дека феминизмот е само инструмент за намалување на бројноста на популацијата на планетата. Во септември 2009 год. др. Леонард Горовиц  отворено изјавил дека финансиската елита прави масовен геноцид (види www.drlenhorowitz.com). Со процесот управува кланот Рокфелер, кој управува со глобалните социјални, генетски и биотехнолошки трендови. Според податоците на Горовиц, што им ги доставил на ФБИ, трустот на Дејвид Рокфелер ја предводи програмата за намалување на населението на земјата (особено по пат на масовна вакцинација).

Ако треба да му се верува на Горовиц, станува збор за реализација на сценариото “златни милијарди” – преживување на најразвиените земји во Европа и Америка во услови на потрошените ресурси на планетата. Тие ќе се спасат за сметка на другите држави: спречување на нивниот развој, смалување на нивниот наталитет и во потрошување на добрата. Слична докртрина смислил и англичанецот Томас Малтус уште во 1798 год. објаснувајки ја во “Трактатот за принципите на населението”.

Акушерка од пеколот

Најмасовниот проект за намалување на бројот на населението на планетата, според мислењето на истражувачите, претставува Меѓународната федерација за планирање на семејство (IPPF, International Planned Parenthood Federation).  Основач на IPPF е феминистката Маргарет Зангер. Таа  е родена во 1879 година во Њујорк, обожавателка е на еугениката и на Томас Малтус, бракот го сметала за “дегенеративна институција”, “кое е оптеретувачко јадро на сопружничката верност”. Приота, негативниот однос кон институцијата на семејството не и пречело  на Зангер да се мажи двапати, притоа, вториот пат за милионерот Џ. Ноа Сли, кој и помагал во борбата за чистота на човечката раса.

Во мај 1943 г. во American Weekly Magazine, Маргарет објавила статија со законодавни предлози. Зангер сметала дека е неопходно да се “запре пред-производството на децата” и да се воведат дозволи за раѓање, предложила стерилизација на болните и неразвиените луѓе (за такви ги сметала 70% од населението на САД). Во својата книга “Жената и новата раса”(1928) Маргарет пишувала дека “најголемото богатство што може да го подари многудетното семејство на новороденчето е – да го убие”. За IPPF, Маргарет Зангер е апологет, делотворноста на федерацијата е утврдена врз нејзините постулати.

Организацијата настанала  во 1921 год. под назив “Лига за контрола на раѓањето”. Во 1942 г. е преименувана во Американска федерација за планирање на семејства. Веќе по десет години светот го здогледал IPPF, која денес е застапена во 140 земји во светот, меѓу нив и во Русија (Российская ассоциация планирования семьи, или РАПС). Од 1925 год. организацијата почнала да добива донации од Фондацијата Рокфелер, а исто така и од Фондацијата Форд и Карнеги. Во извештајот за 2008 год. организацијата на 18 земји дала вкупно 91,5 милиони долари. Притоа најголема сума добила Швајцарија – 15,9 милиони долари.

IPPF во главно се занимава со застапување на “сексуалното здравје” и со “репродуктивните права” низ целиот свет. Првото подразбира пропаганда за сексуална слобода и безбеден секс, меѓу другото, во училиштата. Различните изопачености  – хомосексуалноста, транссексуалноста, промената на полот итн. – за нив претставува норма. “Репродуктивното право” е пропаганда на феминизмот и абортусот. Приота стерилизацијата се застапува како најефикасен и најбезопасен начин на контрацепција.

296 Прегледи