Лице за контакт – Марко – мобилен телефон – 078/849/708

ОКТОМВРИ ВО БУДИМПЕШТА

11.10-15.10.2018 (5 дена /2 ноќевања)

1 ден (11.10.2018 – четврток) – СКОПЈЕ – БУДИМПЕШТА             

Состанок со групата во Скопјe. Ноќно возење преку Србија со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден (12.10.2018 – петок) – БУДИМПЕШТА

Пристигнување во Будимпешта во утринските часови. Следува разглед на градот со локален водич: плоштадот на хероите, Парламентот, Кралската палата, Рибарската тврдина, Цитаделата, црквите Св. Стефан и Св. Матеј, улиците: Андраши, Ракоци и Ваци, мостовите на Дунав. Сместување во хотел. Слободно време. Во вечерните часови предлагаме крстарење со брод по Дунав (факултативно). Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден ( 13.10.2018 – сабота)– БУДИМПЕШТА – ПАРЛАМЕНТ, ДВОРЕЦ НА СИСИ, ЧАРДАШ

Појадок. После појадокот, факултативна посета на Парламентот http://www.budapest-parliament.com , еден од трите најголеми парламенти во Европа. Факултативна посета на Дворецот на Кралицата Сиси http://www.kiralyikastely.hu/main_page .

Вечерта во 21 часот факултативна посета на традиционален ресторан – чардаш (богато мени, со цигански фолклорни игри, каде се вклучуваат и самите гости и многу забава, што вреди да се доживее и ќе Ви го доближи унгарскиот живот). Ноќевање.

4 ден (14.10.2018 – недела) БУДИМПЕШТА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и упатување во факултативна посета до живописното гратче Сент Андреа, во близината на Будимпешта, во кое се негуваат старата архитектура и народни ракотворби, и кое е богато со голем  број винотеки, рибни ресторани, музеи, галерии и цркви. Враќање назад во Будимпешта.За љубителите на животинскиот свет можност за посета на Тропикариум http://www.tropicarium.hu.  Слободно време за индивидуални активности.  По договор со представникот, поаѓање за Скопје.Ноќно патување преку Србија, со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден (15.10.2018 – понеделник)  СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ до 01.08.2018 – 95 € (5.890 ден.)

РЕДОВНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ – 109 € (6.758 ден.)

Во цената на аранжманот e вклучено :

 

– Превоз со туристички автобус на дадените дестинации,

– Сместување во хотел Atlantic 3* (или сличен) во Будимпешта на база 2 ноќевања со појадок,

– Професионален туристички придружник од агенцијата,

– Организација и реализација на аранжманот

Во цената на аранжманот не е вклучено :

 

    • Разглед на Будимпешта со локален водич – 10 €
    • Вечера во ресторан – чарда –  30€
    • Крстарење со брод по Дунав 15 €

 

  • Посета на Парламент (трансфер, влезница и локален водич) –  25€

 

  • Посета на Тропикариум (трансфер и влезница) – 15 €
  • Посета на дворец на кралицата Сиси (локален водич, влезница и трансфер) – 20€
  • Посета на Сент Андреа – 10 €
  • Влезници за музеите и културно-историските споменици
  • Задолжително патничко-здравствено осигурување
  • Доплата за еднокреветна соба

ОПШТИ НАПОМЕНИ:

  • Организатор на аранжманот е ТА АтлантиС
  • Резервација се прави со уплата на 30% од вкупнот износ на аранжманот
  • Целосна уплата на аранжманот е 15 дена пред почетокот на истиот
  • Цените на аранжманот се дадени во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1 евро = 62 мкд
  • За реализација на аранжманот се потребни минимум пријавени 45 патника
  • За ова патување мора да имате пасош кој има важност од минимум 90 дена по завршувањето на аранжманот, односно до 18.01.2019 година.
  • Организаторот го задржува правото да ја промени цената на аранжманот  во случај на промена на цената на превозот или хотелот
  • Во случај на недоволен број на пријавени патници организаторот го задржува правото да го откаже во целост аранжманот  5 дена пред датумот на започнување на истиот
  • Организаторот го задржува правото за промена на цените на факултативните излети, во случај на промена на цената на влезниците на локалитетите и музеите
  • За време на разгледите на градовите наведени во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторт го задржува правото за промена на редоследот на реализација на програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, доцнење на летот, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Задолжително пријавување за факултативите до01 .10.2018 и минимум пријавени патници за  реализација: 30

За оваа програма важат општите услови за патување на СКТМ и Т.А. АтлантиС

 

179 Прегледи