Тој е отец Анатолиј од филмот „Остров“, основач на една од најпопуларните рок групи во советското време – „Звуци Му“, скандал мајстор, музичар и песнописец со бурно минато. Лежи во четири наутро, живее во Ефаново, има полно мачки, кога не е на концерт или дома, тогаш е во црква. И до него не се стигнува лесно. После бројни писма, на кои одговараше неговата сопруга Олга, требаше со Киевскиот електричен воз да се стигне до станицата Нара, потоа со автобус до Вереј, оттука до Ревјакино, а потоа пешки до диво село кое едвај брои триесетина жители.

 

Мамонов: Дали сакате чај? Јас пијам мента, тоа е машки пијалак, горчлив, но јак, моќен, пијам и вода, вкусна е, особено оваа од ефановите извори.

Лазовиќ: Од каде вие овде, Ефаново не е баш блиску?

Мамонов: Никаде не сум бегал, ниту пак сум се криел, макар што некои така говорат, а ниту пак сум планирал да живеам во пустина. Сум се родил и израснал во центарот на Москва, и сега сум овде, Бог ме донел, што значи дека тука ми е местото.

Лазовиќ: Како гледаат на вас соседите? Не е мала работа да се живее покрај Мамонови…!

Мамонов: Ти благодарам Господе, што во селото на мене гледаат како на обичен човек. Зошто им се нив моите автограми кога живееме заедно?! Јас одам кај нив, одам по краставици, чаеви, и тие доаѓаат, и ние се занимаваме со други, побитни работи – како да го исчистиме снегот, да го поправиме патот, да ја уредиме градината. Што, да разговараме за филмови и глумци? Тоа е митски живот, а овде сè е природно, секое утро гледам зајаци, има и волци, доаѓаат и си одат, погледнте ги моите кокошки, оваа трева, мачките… По јаболката и ежовите го познавам денот.

Лазовиќ: После филмот „Остров“ кај вас доаѓаа многу и бараа да им помогнете во исцелувањето?

Мамонов: Во овдешната црква, каде се молам, за некои баби долго време бев – отец Анатолиј. Ги прашувам – да не сте полуделе, тоа бев само на филмот, а они – извинете, оче, сигурно сме се препознале! Така беше и со оние кои доаѓаа. Им говорев дека христијанството е жртва на љубовта кон ближните. Човек ниту една заповед не може да ја исполни сам, но ако тргне и е постојан во одлуката, него Бог секогаш ќе му помага. Како? Со Светиот Дух и благодатта, бидејќи кога би можеле сами Бог не ни доаѓал, не би одел на Крстот и не би пролевал крв. Има две волји, Божјата и нашата, но без нас Бог не може да нѐ спаси.

Лазовиќ: Вашата Олга вели дека не знаете ниту колку чини лебот во продавница?

Мамонов: Се учам да го знам само она што ми треба и ме прави радосен, мене и моите блиски. Сега никој ништо не знае, и затоа сè се изобличува. Знаете што имам направено: си плукнав на дланките, купив даски, циркулар, имам комплетен алат, и направив полици. Ја изѕидав бањата, направив штала, тоалет, тоа е сега како мал град, и кога го гледам и шетам – јас чувствувам, тоа е мое. Се изнаслушавме приказни – нема работа! Како нема? Земи земја, засади, посеј, научи се да направиш маса, да редиш плочки, работи и заработи, а потоа мисли за „мерцедес“. Мажот е должен да знае сè да направи. Треба да се живее по правила, и треба да се радуваат заедно, а кога тоа е така ние му служиме на Бога. Љубовта не е чувство, туку добродетел, стремеж да се направи добро, тоа е и желба да се помогне. И тука е важна хиерархијата: прво е Бог, потоа жената, а потоа децата.

Лазовиќ: Сега тоа е поинаку?!

Мамонов: Денеска внуците се на прво место, потоа работата, по нив приајтелите. Многу сме се опуштиле пред Бога. Луѓето никако да сфатат дека среќата е онаму каде што е тешко. Затоа се несреќни, и сега замислете човек кој има сè, но тој сака уште нешто, само уште тоа, и тоа…и тоа! Направете нешто добро, ви велам, направете добро за ништо, но правете го тоа секој ден, и така секогаш ќе бидете со добивка, во голем плус. И вашето срце тогаш ќе има поголема сила.

Само две заповеди се, сакај го Бога и ближниот свој, а верата е секогаш дар од Бога. Не е тоа да се напрегнеш, па да почнеш да веруваш. Така ништо не се добива. Така само се губи и пропаѓа. Во верата сè се движи постепено, па така се менував и јас.

Лазовиќ: Европа напредуваше со негирањето на Бога?

Мамонов: Затоа доби истополови бракови, зоофили, педофили…! Секаде тело, и само тело. Во Франција само осум проценти од децата се раѓаат во официјален брак. И што да очекуваш кога живееш така? Што Францизуте можат да кажат за доселениците – Арапи? Зарем ти си мајка, погледни, си се облекла како курва?!

Не е добро тоа што тие  го прават во Франција, но во поглед на ова прашање, тие се во право. Не сум лицемер, сè разбирам, младост е тоа, но не е пријатно да се гледаат полуголи жени по улиците. Облечи некоја убава сукња, фустан и претвори се во тајна за оној кој те гледа. Бев во Рим, таму има огромен храм посветен на Свети Петар, и тој е празен. Зошто е направен толку голем? Така е сега и со храмот посветен на Свети Павле во Лондон. И сега таму има само туристи.

Значи, сакате да живеете без Бога? Ќе го добиете она од 1917, кога луѓето го заборавиле Бога и сакале да изградат нов свет без него.

Да продолжело како што било за времето на Николај Втори, сега би имало шесто милиони Руси, а не сега едвај броиме сто и четириесет милиони. Зошто? Затоа што ги убиваме сопствените деца. Секоја жена убила четири-пет деца. Толку пати абортирала, и што, да градиме среќа на таа крв?

Ништо нема да биде добро сè додека не се промениме, и не се одречеме од гревовите. Ние на ситните кавги трошиме драгоцено време, а животот е толку убав.

Лазовиќ: Жената се спасува преку раѓањето, оваа ваша мисла ја применија и некои свештеници, а често ја среќавам и кај народот…!

Мамонов: Јас и мојата жена сме семејство на убијци, убивме многу свои деца, да не беше абортусот, знаете ли колку ќе не имаше сега?! И затоа, сега мораме да се каеме. И ние тоа го правиме. Ние веруваме во Бога, бидејќи се трудиме да го промениме нашиот живот. За мене нема друг пат, а од сопствено искуство знам дека Бог е жив, колку пати тој ме има спасено, и ми помага секојдневно.

Лазовиќ: Каде е почетокот на вашиот пат кон Бога?

Мамонов: До рака прво ми дојде една книга, „Скриени духовни мудрости“, објавена во Сретенскиот манастир, и во неа се наоѓаат евангелијата за секој ден. Ја читав, ги запишував најинтересните делови и се радував како дете. Но пред тоа, јас ја имав изгубено смислата за живот, иако имав четириесет и пет години, и немав одговор на многу прашања. Ниту пак сум ги поставувал, и сè она што порано ми се допаѓаше ми стана досадно. Се запрашав – зошто трчав кон гревот, што пронајдов во него? Започнав да истражувам, да проучувам, се прашував – што тие таму прават во црква? Зошто се молат? Купив молитвеник, и бев надвор од себе. Тука најдов сè што ми беше потребно. Бог е нашиот татко, Он сака и децата да го сакаат, но сака и тие меѓусебно да се сакаат. Сакај го Отецот, и братот свој! Во страдањето, Бог е најблизок – во болница или пак затвор, на пример. Он таму сам доаѓа. Без повик

Лазовиќ: Престанавме да се сакаме еден со друг…!

Мамонов: Тоа е затоа што живееме како да нема да живееме вечно. Останавме без трпение, многу не се сакаат ниту самите себе. Треба да се радуваме на радоста од Светиот Дух, тоа е радоста на душевниот мир, а не онаа глупост – напиј се и радувај се! Но, ако се сакаш само себе, каква е таа радост? Како да ја пронајдеме таквата вера и да заборавиме на личните желби, поради нашиот Господ, кој е жив, кој сега седи со нас и ме слуша мене грешниот и нечистиот?! Јас му имам направено толку лоши работи, дури и сум го навредувал, а Он ми опростил, и затоа јас сум сеуште жив. Тешко е да го скршиме нашето срце и да го насочиме само кон Бога. Кога тоа ќе се случи, сè друго е едноставно и просто. Знам од искуство, Господ ми дал такви моменти кои ме вратиле кон себе, кога почнав да се прашувам: – како тоа јас живеам?! Видете, јас сум овде, никој не ми пречи, межете да речете – слушај музика и уживај! Но, јас тоа не го можам! Веќе само после саат време помислувам: -Боже, како ми беше добро кога бев со Тебе, како летав! За три месеци, овде напишав повеќе од сто преубави песни, а толку не сум напишал за целиот мој живот. Одеднаш се појавија божјите дарови, и јас ги земав. Јас се плашам само од гревот. Он ме оттргнува и оддалечува од Бога.

Лазовиќ: Се плашите ли од смртта?

Мамонов: Смрт нема, само премин во друг свет, во вечноста.

Лазовиќ: Што за вас беше поголем предизвик, улогата на отец Анатолиј во „Остров“ или ликот на Иван Грозниот?

Мамонов: Павел Семјонович ме повика и ми кажа дека без мене нема да работи на „Остров“. Му одговорив: – не, Паша, како јас да го глумам тој свет старец? Ми одговори: – верувај и на мојата падната душа! И му поверував, и после отидов кај нашиот помесен парох, он е мој духовник.

– Оче, му реков, ти знаеш дека сум грешник, знаеш и како живеев. Што треба да правам?

– Прифати го тоа, Петаре, ми одговори, не се предомислувај, тоа е работа баш за тебе.

Улогата на отец Анатолиј е тешка, а филмот е за покајанието. Самиот збор – покајание, во превод од грчки значи – промена на мислите. Покајанието е напорна работа. Не ми беше едноставно ниту кога го глумев Иван Грозниот. Затоа испадна добро.

Лазовиќ: „Остров“ е многу дискретен филм?

Мамонов: Затоа што во него нема апсолутна сигурност, ни уверување дека работите изгледаат вака, а не поинаку. За уметникот е важно да остави нешто недоречено и така да му остави простор на гледачот да ја осмисли и да ја доизгради таа точка на недоизреченост.

Лазовиќ: Драго ми е што се сретнавме!

Мамонов: Никој не се сретнува без причина.

 

Интервју: Разговор на Горан Лазовиќ со отец Петар Мамонов

превел:

Славјан Милчевски

Извор:

http://www.sedmica.me/petar-mamonov-evropa-se-udaljila-od-boga-zato-tolike-nastranosti/

349 Прегледи