Во изминатите години за лукот се шпекулираше дека би можел да биде најдобриот лек на природата, a во последната студија правена во една кинеска провинција се докажа дека свежо консумирање на ова растение навистнина дава неверојатни резултати за превенција на рак на белите дробови.

Студијата правена во Кина опфатила 1,424 пациенти со рак на бели дробови и 4,500 здрави индивидуи. Секој од нив бил испрашуван во врска со неговите животни и хранителни навики и неговата врска со пушењето.

Резултатите објавени во стручното четиво Cancer Prevention Research покажале дека оние кои јаделе најмалку два пати неделно свеж лук имале значајно помал ризик за рак на бели дробови за дури 44 проценти, а тие што пушеле или биле изложени на чад од масла за готвење (за кој се мисли дека игра голема улога во предизвикување на ракот) имале дури 30 проценти помал ризик.

До сега сето ова се поврзува со алицинот, состојка која се ослободува при толчење или сецкање на свеж лук, за која се верува дека има силно анти инфламаторно и анти оксидансно дејство.

255 Прегледи