Исхраната е ефикасен метод за контролирање на телесната температура, па така, за време на жешки денови треба да си ја адаптирате и да му овозможите на телото полесно да се справи со високите температури.

Јадете мали и лесни оброци повеќе пати во денот, наместо два до три големи оброци во текот на денот. Големите оброци значат оптоварување за организмот и тој треба да работи повеќе, со што ви се покачува телесната температура.Избегнувајте мрсна и високо-калорична храна, храна богата со протеини, како и храна која содржи поголемо количество шеќери.Свежите овошја, салатите, здравите ужинки и зеленчукот се добар избор за исхрана кога има високи температури.

Секако, пијте многу вода дури и кога не сте навистина жедни. Ако се потите многу во текот на денот, треба да ги обновите минералите и солта во организмот. Солена закуска од типот на бадеми и кикирики (но не во големи количини) се добри за обнова на минералите и солта од телото.

Туширајте се и разладувајте се со студена вода повеќе пати во текот на денот. Ќе бидете свежи во текот на целиот ден а со тоа и попродуктивни во задачите кои со себе ги носи денот.

Материјалите кои добро ја пропуштаат топлината и кои овозможуваат вашата кожа да дише се памукот, линенот и хемпот. Избегнувајте облека со полиестер или фланел, тие ја задржуваат топлината и не дозволуваат кожата да дише лесно.

88 Прегледи