Професорот по психијатрија, политичка психологија и надворешни работи, Џерод М. Пост цели 21 година работеше за ЦИА. Неговите вештини ѝ помогнаа на Агенцијата при проценките на голем број странски државници, а еден од нив беше и актуелниот српски претседател Александар Вучиќ.

Џерод М. Пост со години ѝ помагаше на ЦИА и на САД подобро да се подготват за средби и самити со странски претставници со тоа што правеше психолошки профил за секој од нив. Откако заврши неговиот ангажман во ЦИА, тој продолжи да работи како професор на Универзитетот Џорџ Вашингтон и оттогаш издаде неколку книги.

Како што пренесува Al Jazeera, во неговата книга тој ги поделил светските лидери во неколку групи, а магазинот Newsweek во своето српски издание ја анализираше најголемата група на лидери кои сакаат да успеат и имаат огромно чувство на самобендисаност и љубов кон самите себеси. Во таа категорија се наоѓа и српскиот претседател Александар Вучиќ, а друштво му прават и Барак Обама, како и Владимир Путин.

„Значаен аспект на овој тип на лица на власт претставува начинот на кој тие се обидуваат да ги задоволат нивните психолошки потреби. Примарната цел им е да стекнат признание, популарност и слава. Таа желба за признание доаѓа од нивната егоцентричност, силни амбиции и грандиозни фантазии. Потезите на овие личности имаат една позадина – несигурноста во самите себе. Тоа е познато како „комплекс на Нобелова награда“, односно преголема желба за признание“, пишува Пост.

Тој понатаму објаснува дека луѓето кои се во оваа група имаат склоност да ги искористуваат другите луѓе, притоа опкружувајќи се со луѓе кои нема да им се противат и тие уживаат во љубители, фанови и луѓе кои постојано ќе им кажуваат колку вредат.

Извор – Кајгана

352 Прегледи