Проблемот со хидратацијата и дехидратацијата станува особено важен во летните денови.

Дехидрирање е секоја состојба кога постои загуба на 2% од телесната тежина поради губиток на вода. Пропратно со водата доаѓа и до загуба на електролити. Се покачува телесната температура и доаѓа до забрзување на срцевото работење. Евентуално може да дојде и до топлотен удар.

Конзумирајте редовно вода и изедете дел од следниве овошја и зеленчуци за супер хидратација и електролитен баланс:

Целер со дури 96% вода, содржи натриум, калиум, магнезиум, калциум, фосфор, железо и цинк

Лубеница 95% вода и богата со Ц витамин

Зелени пиперки со 92% вода и многу Ц витамин

Краставици 95% вода, а од минерали е богата со калциум, магнезиум, калиум и натриум

Јагоди 92% вода и богати со калиум

Диња 90% вода и исто така богата со калиум.

95 Прегледи