Кога се збори за тоа кој е најдобриот пријател на човекот, многумина ќе кажат без двоумење дека тоа е кучето. Многу години од животот тие го поминуваат заедно па така стануваат и зависни еден од друг.

Дознајте во продолжение кои се 5-те најинтелегентни раси на кучиња.

1.Бордер Коли

Image result for border collie

Нема големо куче како граничарскиот коли, како што народот го нарекува ова куче. Тој е вистински професор помеѓу кучињата. Имено, тој е куче со највисок коефициент на интелегенција и на оваа листа го зазема првото место. На секоја скоро научена команда, како и на гласовна или гестикулативна команда реагира скоро моментно.

2. Пудла

Image result for poodle dog

Многу повеќе од само средена фризура. Пудлите биле одгледувани во Германија за лов на птици и носење на вода. Тие имаат улога од водење на стада овци до поминување на воени полиња да пренесат потребни производи.

3. Лабрадор Ретривер

Image result for labrador retriever

 Лабрадор ретривер (Лабрадор) е еден од неколкуте видови ретривери кои спаѓаат во класата на ловечки кучиња (птичари). Карактеристични за оваа раса се шепите кои се приспособени за пливање , кои се корисни за првобитната намена на оваа раса – извлекување и враќање рибарски мрежи од водата. Лабрадорот е најпопуларната раса на кучиња во Канада, Обединетото Кралство и САД (уште од 1991 година) . Исто така Лабрадорот е една од најпопуларните раси на кучиња за помош на луѓе со инвалидитет во Австралија, Канада, Обединетото Кралство и САД , како и во многу други држави. Истовремено полицијата масовно ја користи оваа раса поради нејзините способности за откривање на траги.

4. Златен ретривер

Image result for golden retriever

Тие биле историски развивани како кучиња кои служат да им помогнат на ловците при ловот на патки или други птици. Како такви, тие биле развивани да имаат мека уста за да можат да ги донесат патките од водата неоштетени.

Интелигенцијата на оваа раса им служи за повеќе намени: куче водич за слепите, куче кое слуша за глувите, ловечко куче, детектор на илегални дроги, и куче кое учествува во “барај и спаси” акциите. Со нивниот лојален и нежен темперамент, тие се исто така популарни домашни миленици.

5. Германски овчар

Image result for german shepherd

Кучињата од расата Германски овчар, исто така познати како Alsatian, спаѓаат во класата на големи кучиња со потекло од Германија. Расата Германски овчар е релативно нова раса, чие потекло датира од 1899-та година. Како еден вид кучиња- чувари на стада, германскиот овчар првенствено е наменет за чување на овци и други стада. Благодарение на својата сила, интелигенција и способност за дресура, германскиот овчар многу често учествува во акциите на војската и полицијата. Во моментов на расата Германски овчар и припаѓаат 4,6 % од сите кучиња кои се заведени во Клубот Американ Кенел (American Kennel Club). Благодарение на неговата лојалност и заштитничка природа, германскиот овчар е една од најраспространетите раси во светот.

2368 Прегледи