Колку е величествена Божествената Литургија! Човекот е почестен од Бога на тој начин, што Самиот Он се симнува долу на земјата со своите ангели секогаш кога се служи Литургија, со цел да го нахрани човекот со Своето Пресвето Тело и Пречиста Крв! Он нам ни дал сѐ што ни е потребно. Постоли ли нешто материјално или духовно, минливо или трајно, а да не ни е понудено? Нема! Постои ли нешто помоќно од Неговото Пресвето Тело и Крв што ни се дава нам секојдневно? Секако дека нема. Бог му дал на човекот, кој се состои од земја и прав, да служи Божествена Литургија. Божјата љубов е со толку непроценлива вредност, што најмалата нејзина капка надминува секаква физичка и световна љубов.
Гревот на Адам и Ева претставува почетна точка на сите жални збиднувања кои се појавиле низ историјата до денешно време, но и на оние кои ќе се појават до крајот на времињата. Непослушноста, како семе во матката на Ева, ја родила и пренела физичката и духовната смрт на целото човештво. Јадната Ева, дали постоел начин преку кој таа ќе види дека „делот од секудната“ при каснувањето на јаболкото ќе создаде таква бура, дека несовладливата Света Троица ќе покаже толку милост што Едното Лице (Синот Божји) ќе биде испратен во светот, Кој ќе трпи удари, навреди, камшикувања, плукање, но и разни други измачувања од делата на рацете Свои, за на крајот да биде распнат на Крст како клетва?
“Проклет да е секој кој виси на дрво“ (Гал. 3, 13).
Откупот на преслаткиот Наш Исус Христос, Кој е светлина на нашите грешни души, Неговото страдање и живоносно Воскресение, повторно се случува на секоја Божествена Литургија, преку која се пренесува на секоја грешна душа. Навистина, преголема е Исусовата љубов кон нас! Он ја зел нашата човечка природа и бил распнат на Крст, давајќи ни слобода, а со тоа ги избришал сите наши долгови кон Нашиот Небесен Отец. Он, како наш возљубен брат, нѐ удостојува со наследство кое се состои од бескрајните богатства на Својот Небесен Отец. Ако во време кога Законот, кој постоел пред Христа, ги заклонувал работите, а крвта на воловите и козите ги очистувала оние кои ги принесувале, тогаш колку ли повеќе Пресветата Христова Крв, која се принесува од светиот олтар во Светите Божји Цркви, ќе нѐ очисти од гревот и ќе ја загрее нашата душа за да ја примиме божествената љубов на нашиот најсладок Исус. Јагнето кое е заклано заради нашето спасение ќе не испере со својата Пречиста Крв од нашите нечисти гревови и ќе ни подаде вечен мир.
Во секој случај, ние сме си должни на себеси да постанеме учесници на оваа небесна гозба, која ни ја нуди прекрасното чудо на светиот олтар. Кога сме внатре во црквата, потребно е да стоиме со страв и ревност, бидејќи таму е присутен Нашиот Господ Исус Христос со своите свети ангели. Оние кои се внимателни и побожни, исполнети се со милост и благослов, а оние невнимателните се осудени како недостојни.
Од една страна ангелите служат Литургија, а од другата страна верниот народ доаѓа во црквата да го прими Телото и Крвта Христови – “Телото Христово примете го, од изворот на бесмртноста вкусете“ за да живеам со Христа, наместо на пропаднеме во грев. “Но, секој човек да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша. Зашто, кој јаде и пие недостојно, тој го јаде и пие своето осудување, бидејќи не го разликува телото Господово“ (1. Кор. 11, 28-29).
На пример, кога некој сака да се појави пред царот, тој мора да се подготвува со денови во смисла на општа подготовка: чистота, говор, манири, обичај итн… за да успее да го привлече царевото сочуство, а на тој начин да добие одобрение за саканото барање. Иако не постои споредба во поглед на разликата кога се во прашање два цара, но секој верник треба да се подготви пред Светата Причест за да добие прошка од Божјата милост.
Господ ја создал Својата Црква како невеста на земјата, за да биде посредничка за Неговите деца. Он ни ја оставил големата Света Тајна Евхаристија за да се очистиме, осветиме и да станеме едно со Бога. Он нѐ повикал сите, некои од нивното детство, некои во нивната средна возраст, а некои во староста. Бидејки добар, Он нѐ собрал сите нас како што квачката ги собира пиленцата под своите крилја, сакајки да нѐ направи учесници во Своето Божјо Царство. Нему ништо не му е одвратно, ниту чир, ниту рана, болест или пак нарушување на духовните појави, кои моат да ја карактеризираат нашата душа. Он како татко нас нѐ прифатил, а како мајка нѐ задоил, а како лекар бесребреник Он се грижи за нас и нѐ облекува во облека на посинување и милостиво ги занемарува тешките долгови од нашите престапи. Затоа ние Му должиме почит и бескрајна љубов.
Ние треба да бидеме учесници во жртвата на заколеното јагне што почесто можеме додека сме слободни тоа да го правиме, бидејќи Светата Причест е огромна помош на верникот која му помага во борбата со гревот. Исто така, и ние треба да пристапиме кон оваа Божествена тајна во духот на грижа на совеста, скрушеното срце и добро чувство за нашите гревови. Голема е Божјата милост која Бог благоизволува да влезе во нас, не гнсејќи се од многуте наши гревови. Без разлика на тоа, поради Неговата бескрајна љубов ние сме посветени и на тој начин сме се удостоиле да бидеме Негови деца и наследници на Царството Божјо. Затоа, да се подготвуваме со чиста совест, утврдувајќи ги нашите сетила со целомудрие и заедно со светите апостоли да одиме на тајната вечера за да бидеме со нашиот најсладок Исус, за да биде со нас во вечни векови.
Јас, таков недостоен, Му служам на мојот Бог. Секојдневно му нудам на Бога доброволно жртвување, на Јагнето Божјо, Безгрешен од Неговиот Безгрешен Отец и Бог, за да Он биде милостив за работите со кои сме го растажиле Бога. Ние кои сме предизвикале болка и Кој го жртвувал Својот Единороден Син. Бое мој, Ти си морал да го дадеш својот возљубен Син заради нас! А ние, кои сме ние да ја заслужиме ова крајна жртва! „Зашто ако се помиривме со Бога преку смртта на неговиот Син“ (Рим. 5, 10).
Недостоен од сите,

Отец Ефрем

Троичник 44

Превземено од  Фејсбук страната на Лесновски Манастир

89 Прегледи