Американската компанија за производство на електрични автомобили Тесла ќе банкротира во рок од 4 месеци, освен ако нејзиниот извршен директор Илон Маск, не извади скриен ас од ракавот – изјави менаџерот на Hedge фондот Џон Томпсон.

Компанијата мора да направи некаков профит, а колку и да делува во јавноста дека тоа се остварува, верувајте не е така. Нивните извештаи за приходи се едни од најлошите кои некогаш ги имам видено – додаде Томпсон.

“Според сите мои податоци, Тесла вреди дупло повеќе од Форд, но Форд минатата година произведе 6 милиони автомобили и имаше профит од 7.6 милијарди долари, додека пак Тесла произведе 100.000 автомобили и имаше губиток од 2 милијарди долари” – дополни Томпсон.

Останува да видиме во кој правец ќе се одвива судбината на оваа американска компанија и дали генијалниот ум на Илон Маск ќе успее да ја извлече компанијата од целосен банкрот!

138 Прегледи