Компанијата Монсанто во 1983 година ја создаде првата генетски модифицирана растителна клетка.  Од тогаш оваа компанија е примат во инжинерството со храна. Позната е по  Roundup – моќен хебрицид кој го има во семињата производени во оваа компанија. Целта на ова производство е да се унапредат растенијата и да се направат отпорни на временските услови и останантите штетници. Монсанто го „направија“ првиот домат кој не скапува во 1996 година.

Денеска оваа команија има над 18.000 вработени, а нејзината заработка се брои во милијарди долари.  И иако американските фармери се спротиставуваат на одлуките на Монстанто според кои тие мора да плаќаат и двојно за цената на семињата кои ги продава и не смеаат да си чуваат семе од предходната жетва, кое е една стара практика, оваа озогласена компанија ја ужива довербата од Државната агенција за храна во САД и од претседателот Трамп. Во Америка, Монсанто продава 90 отсто од семињата на пазарите.
Накратко, Монсанто  е најголемата глобална компанија која произведува земјоделски производи: пестициди, хормони за растење на животните и генетско модифицирано семе на соја, пченка и други култури. Оваа компанија има создадено и некои од отровите кои се виновни за голем број болести како што е ракот, деменција.
Но, најстрашниот податок е што оваа компанија која во средината на седумдесеттите години се прочу и како произведувач на бојниот отров „портокалов агенс“ со кој се запрашуваа шумите во Виетнам за да паднат лисјата, а со тоа да се откријат патеките и засолништата на борците на Виетконг. Иако тогаш се тврдеше дека овој „портокалов агенс“ не влијае врз луѓето, се претпоставува дека над половина милион луѓе умреле токму од последиците на ова хемиско оружје. Звучи малку цинично ама по се’ изгледа воената индустрија и земјоделското производство, барем кога станува збор за САД одат рака под рака, а богами и двете се максимално профитабилни.
Во САД, дури 88 отсто е пченката е генетски модифицирана за да биде отпорна на временските услови и на разни штетници, а неверојатни 94 отсто од сојата која расте на американските плантажи е со гени кои не се нејзини.
356 Прегледи