1. Петропавловскиот собор: царската гробница и градски талисман

Петропавловскиот собор е најстариот храм на Санкт Петербург (изграден е во 1712 година) и е највисокиот во историскиот дел на градот. Неговиот позлатен врв се издига на 122.5 метри. Според законот во центарот на градот не може да се изгради ништо повисоко.

Првиот руски император и основач на Санкт Петербург – Петар I, сакал новиот главен храм на новата руска престолнина да биде повисок од кремљовската камбанаријата на Иван Велики во старата престолнина – Москва. Тој заповедал од Москва да биде пренесена во уште недовршениот Петропавловски собор гробницата на руските цареви. Тука се погребани речиси сите руски императори – почнувајќи со самиот Петар и сè до Николај II, убиен од болшевиците во 1918 година.

Позлатениот ангел кој слетал на врвот на соборот, е еден од главните симболи на Санкт Петербург и негов талисман. Реставраторите на флугерот во 1997 година, кои се индустриски алпинисти, откриваат во внатрешноста писмо од своите претходници, реставратори од шеесеттите години од минатиот век. Тие се жалат на кратките рокови и малите плати. Сега секој пат кога мајсторите ќе се подигнат да го поправат градскиот талисман, тие оставаат на 122-метарската височина порака за колегите од иднината.

Image result for petropavlovsk sobor st ptereburgg

Совет: На полноќ и напладне часовникот на камбанаријата на соборот ја свири националната химна, а во текот на летото на плоштадот пред соборот се слуша концертот на камбаните.

2. Исакиевскиот собор: најдобар видиковец на Петербург

Исакиевскиот собор е најпознатата слика од Санкт Петербург и тоа не само поради неговите колосални димензии: позлатената купола на овој трет по височина собор во Европа се гледа од десет километри надвор од историскиот центар. Додека во текот на 40 години (1818-1858) се гради Исакиевскиот собор, жителите на Санкт Петербург се потсмеваат поради неговите премногу големи димензии и несразмерноста со околните згради, но на крајот го прифаќаат и сега ние веќе не можеме да си го замислиме денешниот Санкт Петербург без него.

Вреди туристите да смогнат сили за освојувањето на скалилото составено од 262 скали кои водат до колонадите на соборот. Таа ја опкружува куполата на висината на 16-катната зграда на 44 метри од земјата. Каде и да погледнеш, оттука се гледа Петербург, расечени од реките и каналите десетици острови. На касите на музејот и на автоматите на влезовите на колоната се продава посебен билет и во сезоната на „белите ноќи“ од јуни до август тука пуштаат посетители до 4 часот наутро.

Image result for isaakievskiy sobor

Совет: Најдобриот поглед кон Исакиевскиот собор се открива од центарот на Исакиевскиот плоштад со статуа на царот Николај I на коњ.

3. Соборот на Воскресението Христово

Овој храм е познат повеќе како „Спас на крвта“. Архитектите ја зеле за негова основа сликата на московските средновековни храмови, а нацртите на мозаиците во внатрешноста се дело на мајстори на рускиот романтизам од крајот на 19 век. Предисторијата на соборот е трагична: тој е изграден во 1883 година на местото каде терористите го убиваат царот Александар II.

Внатре во ѕидовите на соборот има 7 квадратни километри мозаици. Мозаичкиот лик на Христос под централната купола е создаден така што неговите очи секогаш гледаат право кон вас, без разлика во кој дел на храмот се наоѓате. А, во западниот дел на соборот наспроти олтарот под мал крошна од виолетов јаспис се чува дел од асфалтираната улица на која е фрлена бомбата врз царот Александар II.

Image result for hristovo voskresenie st petersburg sobor

Совет: Не ограничувајте се на разгледување на соборот однадвор. На касите на музејот за 200 рубли нудат аудиоводич на десетина јазици, кој ќе ви помогне да имате увид во уметничките техники и материјали. А секој ден во 7.30 наутро може да се посети бесплатно црковната служба во храмот.

4. Казанскиот собор: православна светиња, оградена од „ватикански“ колони

Колонадата, што го обвива во полукруг Казанскиот собор, личат на колонадата во ватиканскиот собор Свети Петар, но во реалноста прикрива фактот дека соборот е свртен странично кон Невската авенија – главната улица на градот. Работата е што според правилата на изградбата на црквите жртвеникот треба да гледа на исток.

Колонадата денес е затворена за прошетки, но сепак соборот е отворен уште од рано утро и влезот е бесплатен – тоа е вистински храм и секој ден во него има служби.

Осветен во 1811 година, една година подоцна Казанскиот собор станува споменик на победата на Русија над Наполеон. Статуите на двајцата главни големи воени умови во оваа војна се издигаат на убавиот плоштад пред соборот. Од западната страна е статуата на генералот Барклај де Толи, а од источната – на Михаил Кутузов, овековечени од Лев Толстој во романот „Војна и мир“.

Related image

Совет: Казанскиот собор се гледа најдобро од спротивната страна на Невската авенија – од прозорците на кафе „Зингер“, на 2 кат на книжарницата „Дом на книгата“.

5. Смолни собор: храм-камелеон, убав од каде и да го погледнеш

Смолниот собор се наоѓа надвор од историскиот центар на градот. До него е многу тешко да се дојде, бидејќи Смолни во Санкт Петербург се нарекува не само соборот, но и зградата на градското собрание во соседството. „Вистинскиот Смолни“ ќе го познаете најпрво по многуте паркирани туристички автобуси и младоженците кои пијат шампањ – свадбена фотографија пред соборот Смолни тука има секое петербуршко почитувано семејство.

Архитектонска карактеристика на храмот е што тој нема парадна фасада, бидејќи сите ѕидови на зградата се такви и изгледаат подеднакво убави од каде и да ги погледнеш – дури и од современиот дел на спротивниот брег на реката Нева. Смолни е во такви бои што се прилагодува на бојата на градското небо: на сонце се исполнува со светло синило и сивее во мрачните денови. Каков ќе го видите вие ​​зависи од каприците на петербуршкото време.

Image result for smolni hran

 

405 Прегледи