Зошто е погубен сексот? Тој го лишува човекот од општење со Бога, значи, од Царството Божјо, кое според зборовите на Спасителот е “во нас”. Во Стариот Завет дадена е заповед да не се врши прељуба. Во Новиот Завет Господ бара повеќе – целомудрие не само во постапките, туку и во мислите: оној што гледа со похота, веќе извршил прељуба во своето срце.

Во заповедите на блаженствата Господ вели: “Блажени се оние со чисто срце, бидејки ќе го видат Бога”. Значи, задолжителен услов за општење со Бога е чистотата на срцето. Луѓето со нечисти срца нема да можат да го видат Бога, да го видат, не со очите, туку со посебното чувство на срцето просветлено со благодата. Да се види Бог значи да се има Божествена светлина во својата душа. Светите отци борбата против блудот ја сметаат за една од најтешките за човекот. Тие блудот го нарекуваат “смрт за душата”. Преподобниот Јован Лествичник говори дека блудот е најтежок грев, по убиството на човек. Човекот кој се препушта на другите страсти греши, а оној што сторил блуд паднал, односно демонот го соборил и тој беспомошно лежи на земјата. Потребни се години на покајание за блудникот да добие не само простување, туку и благодат, која ја изгубил преку гревот.

Светите отци не учат да ги контролираме своите сетила: видот, слухот итн. За преку нив да не внесуваме во душата никаква нечистотија, особено блудна нечистотија, инаку петте сетила, според зборовите на преподобниот Симеон Богослов стануваат “пет прозорци на смртта”. И ако блудникот оди во храмот, до неговото покајание и поправањето на внатрешниот живот во Црквата, за него ќе остане затворен како за слепец, кој стоејки на сонцето не може да ја види светлината. Апостолот Павле пишува: “Немојте да се залажувате, блудниците нема да го наследат Царството Божјо.” Апостолот Јован Богослов, поточно Светиот Дух, сведочи дека блудници и прељубодејци, убијци и маѓепсници нема да влезат во Небесниот Ерусалим.

Значи, мораме да кажеме дека сексот во сите негови манифестации го лишува човекот од вечниот живот. Затоа катастрофално се смалува внатрешниот двор на Црквата, односно, срцата на оние луѓе, кои се наоѓаат во светлосното поле на благодатта. Сексот ја деформира човековата личност, тој ја ослабнува човековата волја, го прави роб на сопствените страсти, кој личи на кораб на отворено море за време на бура и кој губејки ја контролата препуштен е на волјата на брановите. Сексот го поткопува и го уништува моралот. За христијанинот моралот пред се е внатрешната состојба на душата. За современиот човек тоа се само одредени норми на социјален живот. Затоа современиот човек е дволичен – за него моралното е да изгледа – морален.

Последиците од “слободниот секс” не се раѓањето на деца, туку детеубиството (абортус). Затоа сексот според својата природа е неприроден и суров. Тој го уништува меѓусебното почитување во луѓето и почитувањето на самите себе. Сексот и развратот го стеснуваат човековиот живот до задоволување на мрачните инстинкти, кои живеат некаде на дното на потсвеста, притоа вештачки деформирани, изопачени и извитоперени. Човекот се навикнува да гледа на себе, на другите и на самиот живот дрско и цинично. Ако човекот е само парче месо, каде е тука местото за веронста и вистината, кому да се биде верен, пред кого да се зборува вистината, а и кому му е потребна таа? Поради тоа лагата и лицемерието стануваат универзален принцип во човечката комуникација. Вистината и чесноста, верноста и постојаноста се зборови со кои се шпекулира. А ако човекот живее според моралните принципи, тој предизвикува раздразливост, во најдобар случај луѓето на него гледаат како на чудак сличен на Дон Кихот, а најчесто како на непријател на општествениот ред и мир.

Сексот, чии апологети во значајна мерка се книжевноста и уметноста, во текот на последните два века всушност го прават човековиот живот бесмислен, сив и здодевен. Ако човекот го совлада теророрт на јавното мислење и масовната хипноза на сретствата за информирање и ако биде искрен, ќе мора да признае дека во култивираниот секс, кој се врти на сите телевизиски канали и се впива како нечистотија во нашиот живот, нема ништо благородно и радосно, туку постои само понижувачко и вулгарно. Во сексот доаѓа до исклучување на свеста како за време на употреба на дрога и алкохол, а потоа човекот поминува низ периоди на внатрешна опустошеност и одбивност од самиот себе. И овде како кај алкохоличарите се појавува зависност од отровот и се одвива постојана деградација на личноста на духовно, душевно па дури и на телесно ниво.

Постои уште еден мистичен аспект на сексот и развратот. Првото ветување на Бога кон нашите прародители се зборовите: “Семето на жената ќе ја сотре главата на змијата”. Обредот на обрезание во Стариот Завет имал симболично значење: посветување на поколението на Бога. Во Новиот завет бракот е подигнат на степен на Света Тајна. Развратот и сексот се давање на семето на ѓаволот и тоа не е проста слика или симболика: во сатанистичките ритуали постојат обреди посветени на семето – на потенцијата на животот, на ѓаволот, кој е човекоубиец.

Сексот и развратот се атрибути на црната магија, а со оргии се завршуваат празниците во сатанистичките секти. Уште древните христијани апологети пишувале за тоа дека смрдеата на блудот и човечката крв ги привлекува демоните, затоа тие живеат во паганските идоли како во свои куќи. Демоните се собираат на смрдеата на блудот како гаврани кои го надлетуваат лешот. Човечкото семе станува нивен плен, но веројатно за тоа не треба подробно да се пишува. Затоа сексот и развратот се сили кои го демонизираат светот, тоа е таа страшна опасност на која луѓето заборавиле или намерно затвараат очи за да не го видат нејзиниот одбивен облик. Првиот потоп земјата ја претворил во океан. Последниот потоп ќе ја изгори и истовремено ќе ја обнови во огнот. А сега расте потопот на нечистотијата во кој не тонат човечките тела, туку душите.

архимандрит Рафаил Карелин

381 Прегледи