Зрнестиот леб се добива од природни намирници, цели зрна од внимателно избрани житарки – пченица, рж, јачмен, пченка, интегрален ориз, лен, семки од тиква и сончоглед. Како нерафинирани намирници, ги обезбедуваат речиси сите хранливи состојки неопходни за добро здравје.

Тој во себе содржи макро-хранливи состојки, како што се јаглехидрати, протеини, масти и микро-хранливи состојки, како што се витамините и минералите.

Зрнестиот леб се добива без употреба на пекарски квасец, за разлика од лебот добиен со квасец, кој често создава чувство на подуеност на стомакот, ги слабее цревата и ја разредува крвта.

Кои витамини и минерали ги содржи зрнестиот леб?!

Начинот на кој организмот ќе ги искористи макро-хранливите состојки, директно зависи од микро-хранливите состојки. Имено, добро познато е дека Б витамините, присутни во интегралното зрно, делуваат кон разложување на сите негови состојки, вклучуваќи ги и јаглехидратите. Сличен процес се случува и во природата, при никнување на зрното житарка, при што се формира нов живот.

Состојките на житното зрно, како природна храна, се во урамнотежен однос. Тоа е многу битно – за панкреасот да произведе инсулин, потребни се цинк и витамин Б6, понатаму, за способноста на инсулинот да го контролира шеќерот во крвта, потребен е минерал хром. За метаболизмот на јаглехидрати се потребни скоро сите витамини од Б комплексот и 6 минерали: калциум (Ca), железо(Fe), магнезиум (Mg), цинк (Zn),манган (Mn), хром (Cr).

Зрнестиот леб изобилува со диетални влакна во урамнотежен однос, такви какви што се во природата, кои што се дефицитарни во стандардниот начин на исхрана. Тие ја подобруваат перисталтиката (движењето) на храната во цревата.

183 Прегледи