Македонски компјутерски инженер, познат по тоа што е најмладиот сертифициран компјутерски систем администратор на возраст од осум години и најмладиот сертифициран компјутерски системски инженер на возраст од девет години, денес полни 18 години.

Јавноста за Марко Чаласан дозна во 2010 година кога се појави на неколку насловни страни на американски магазини, а Си Ен Ен објави приказна за момчето кое на осум години го добил сертификатот MCSA, Microsoft Certified Systems Administrator, со тоа соборувајќи го рекордот на М Лавинашри и Михеј Беркли, кои ги добиле сертификатите на 9 и 13 години.

Професорот Елена Ачковска-Лешковска од Институтот за психологија го тестирала Марко на седум години и открила дека тој има развиено високи емотивни и социјални способности што е ретка појава за надарените деца. Интересен факт за него е дека научил да чита и пишува на две години, а има напишано книга за процесот на пред-инсталација, инсталација и пост-инсталација на Windows 7.

Извор порталот Pogled

687 Прегледи