Австрискиот канцелар Себастијан Курц, најмладиот лидер на светот, нареди затворање на седум џамии и почнал да ги депортира “радикалните” имами назад во нивните татковини поради кршење на неодамнешниот закон во Австрија, кој го забранува “политичкиот ислам”. “Паралелното општество, политизираниот Ислам или радикалните тенденции немаат место во нашата земја “, рече Курц на прес-конференцијата во која се најавуваа мерките во Виена, против катастрофалните резултати од мултикултурализмот во Западна Европа. Курц верува дека муслиманите мора да бидат лојални на Австрија и подготвени да се интегрираат во општеството ако сакаат да останат во земјата. Ако формираат “паралелно општество” и ќе почнат да проповедаат “политички ислам”, политиката на идентитет и поделбата, тие ќе бидат протерани.

872 Прегледи