Пастите за заби кои се продаваат во нашите маркети се преполни со токсични состојки и се спакувани во пакувања кои не се рециклираат. Доколку во составот наидете на едно од следниве состојки бидете сигурни дека тие се токсични: Fluoride, Triclosan, Saccharin, Carrageenan, Aspartame, Parabens (Methylparaben, Ethylparaben, Isobutylparaben, Propylparaben, Butylparaben, Isopropylparaben, Benzylparaben.), Sodium Lauryl Sulfate, Sodium Laureth Sulfate, Propylene Glycol.

Природната паста не содржи ниедна од овие состојки, одлично ги мие забите, вкусот и текстурата се многу блиски до конвенционалните пасти и не создава отпад.

Потребни состојки:

250 гр. зелена глина за орална употреба – можете да ја најдете во продавниците за здрава храна.

2 лажици кокосово масло – можете да го најдете во сите поголеми маркети.

2 лажици бадемово масло – можете да го најдете во сите аптеки.

10 капки есенцијално масло по ваш избор (ментол, еукалиптус, лимон, комбинација од повеќе различни)

Вода по потреба.

Природната глина содржи минерали кои кога се во допир со метал се деактивираат, затоа при подготовката не користете метален прибор и доколку носите прстени извадете ги.

Подготовка:

Во керамички или стаклен сад ставете ја глината, во неа додадете ги маслата (кокосовото масло треба да биде растопено), потоа додадете го есенциалното масло и промешајте. Додавајте вода додека мешате се додека не ја добиете посакуваната густина. Количината која ќе ја добиете заменува повеќе од 2 пакувања конвенционална паста за заби и при користење ќе забележите дека е потребно помала количина за да се измијат забите.

Оригиналниот текст е објавен на блогот: „Во Ритамот на Природата

254 Прегледи